ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Министерот Алиу на средба со хонорарците во Тетовската болница, ќе има административен тест по што ќе следи вработување на неопределено

July 22, 2025 13:24
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Азир Алиу денеска беше на средба со медицински сестри, лекари, и друг персонал во Клиничка болница Тетово кои работат со договори на дело. По средбата изјави дека административната процедура е завршена и останува последниот чекор за полагање на административниот тест, за да добијат вработување на неопределено време.

Групата на медицински сестри, техничари, болничари, администрација како и лекари на крајот на мај и на почеток на јуни одржаа неколку јавни протести со цел да алармираат на потреба да бидат трајно вработени во установата.

-Некои од нив работеа 10 години, некој помалку. Некои од нив работеа од месец, месец и пол, или година, година и пол без плата само да бидат дел од институцијата. Денеска после месец и пол задоволни сме дека тие веќе се дел од нашата здравствена институција во Тетово – 155 вработени. Процедурите административно ги завршивме, сега е само крајниот чекор за полагање на тој административен тест за да може да се потпишат и договорите помеѓу директорот и вработените, истакна министерот Алиу.

Вработените за медиумите посочија дека прашањето за нивниот работен статус за првпат се зема сериозно и се третира со одговорност.

-Овој значаен институционален чекор претставува не само вистинско признание за нашиот труд и заложба, туку и нов почеток кон обезбедување стабилност и работнички права, преку премин од договори на дело во договори на неопределено време, истакна Ивона Неделкоска во име на хонорарците.

Таа воедно искажа благодарност до актуелниот министер за здравство, директорот на клиничката болница Тетово и медиумите.

Според министерот Алиу, медицинските сестри треба да полагаат административен тест додека докторите треба да полагаат испит којшто е креиран од Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Азир Алиу на прес – конференција вчера во Минстерството за здравство најави дека во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори за вработување на неопределено време. Со тоа, како што кажа, ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус. 

Next Post

Потпишан Меморандум со „Казанџи Холдинг АС“ за нов енергетски проект вреден милијарда евра

EVN

НАЈНОВО

(ФОТО) Сидни Свини по патот на Ким Кардашијан: како славните градат брендови за долна облека

January 29, 2026
Фото: СДСМ

Филипче најави тужба за Жан Митрев: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

January 29, 2026

Николоски: Oдлични вести од Брисел, нашите ставови се прифатени – Возачите се прифатени како професионалци

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk