ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Потпишан Меморандум со „Казанџи Холдинг АС“ за нов енергетски проект вреден милијарда евра

July 22, 2025 13:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседавачот на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“ Шабан Џемаил, денеска потпишаа Меморандум за разбирање со кој се отвора патот за реализација на инвестиција во стратешки енергетски проект во земјава, вредна една милијарда евра.

Како што истакна претседателот на Владата на заедничката прес-конференција со Џемаил, со потпишувањето на Меморандумот се испраќа јасен сигнал дека државата има волја и план да го обезбеди својот енергетски суверенитет, како и да го заштити економскиот интерес на долги патеки.

– Со потпишувањето на овој меморандум со „Казанџи Груп“, отвораме простор за реализација за значаен стратешки проект, вреден до една милијарда евра инвестиција што ќе има реално, практично и долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата. Проектот предвидува три главни компоненти: Развој на нови капацитети за производство на електрична енергија; Изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас; Како и мерки за зголемување на сигурноста во снабдување со гас, истакна Мицкоски.

Според него, ова не е само инфраструктурен проект, туку проект што ја засега безбедноста, стабилноста и економската иднина на државата.

– Енергијата е основа за секој вид производство, за функционирањето на институциите, за нормалниот живот на граѓаните. Да имаме свој извор и стабилна дистрибуција значи да имаме сигурност, предвидливост и контрола врз еден од најважните системи во државата. Со оваа инвестиција се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата. Истовремено, со развојот на домашни производствени капацитети ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици, рече Мицкоски.

Соработката, додаде, е резултат на одговорниот пристап на Владата и нејзината јасна визија. Владата, рече, останува фокусирана на енергетските политики, не како ад-хок мерки, туку како дел од долгорочен план.

– Нашата цел е јасна, да ја изградиме државата како стабилен и самостоен енергетски субјект во регионот, рече Мицкоски.

Претседавачот на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“, Џемаил, во своето обраќање истакна дека проектот е веќе готов и по истражувањето направено од страна на професионалци, тој може да отпочне со реализација.

– Разговорите за овој проект се започнати многу одамна. Проектот е веќе готов и сега ќе се направи едно истражување, по што овој проект од една милијарда евра ќе почне со реализација. Овој развој на новите енергетски системи ќе биде под надзор на голем професионализам и се надевам дека ќе направиме голем чекор кон напредокот на енергетиката. Ова ќе биде еден стратешки центар на Балканот. Му благодарам на претседателот на Владата за напорите кои што ги вложува за овој проект и верувам дека ќе се реализира во најблиска иднина, рече Џемаил.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Казанџи Холдинг АСнов енергетски проект

НАЈНОВО

Скриншот

Ученици бараат правда по несреќата во Дака – „Застарени авиони убиваат“

July 22, 2025

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август

July 22, 2025

Калас: Сите опции се на маса ако Израел не ги исполни ветувањата околу Газа

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk