ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација

July 22, 2025 15:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација, кон нивото што се постигнува во еврозоната. Имавме средба со премиерот, му кажавме дека може да се најдеме во ситуација нашите цели да се конфликтни зашто секоја влада сака да го забрза растот, но во последните 4 – 5 години голем број политичари во светот ги загубија изборите токму поради незадоволството на граѓаните од високата инфлација, како што беше случајот со САД. Победата на Трамп, во краен случај, ја донесе незадоволството од високите цени и високата инфлација, рече денеска гувернерот на Народна банка (НБ), Трајко Славески.

Како што оцени Славески на работната средба во Стопанската комора, инфлацијата што ја прикажува статистиката е сосема различна од перцепцијата на граѓаните.

-За нив инфлацијата е 40 – 50 проценти. Пред 2,5 години миење автомобил беше 250 денари, а сега е 500 денари. Тоа е перцепцијата на граѓаните. Никој не верува дека инфлацијата е 2,5 или 3 отсто. Граѓаните, по моја проценка, имаат памтење од 4 до 5 години за нивото на цените. Мислам дека имаме разбирање кај извршната власт, дека им користи ниска инфлација. На среден рок ќе се стремиме инфлацијата да биде на ниво на она што е во еврозоната, потенцира гувернерот.

Според него, нема никаква мистерија како земјава успеа да го одржи фиксниот девизен курс од последната корекција во 1997 година.

-Тоа беше единствено зашто нашата стапка на ифлација во просек четвртина век не остапуваше од инфлацијата во еврозоната. Ако отстапува, ако имате акумулирање, полека губите од конкурентноста на економијата. Оттука, имаме разбирање од извршната власт дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација, кон она што се постигнува во еврозоната. Сега има отстапување, има отстапување и во каматните стапки, од политиките, но и за тоа има причини – опашките од некои поранешни однесувања, од глобалните движења и домашните политики се уште опстојуваат. Базичната стапка на инфлација е уште висока и опстојува, некаде околу пет отсто, објасни Славески.

Во однос на кредитирањето, тој порача дека НБ не е пречка за финансирање на бизнисот ако се нудат издржани проекти.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески повтори дека за компаниите се уште клучни проблеми се борбата против корупцијата, сложените банкарски процедури за граѓаните и компаниите, транспарентноста,…

-Борбата против корупцијата е врвен приоритет на Комората. Централната власт и другите власти знаат често да стават рака во џебовите на приватниот сектор. Сите се колнеме во транспарентност, а транспрентноста никаде ја нема, на пример за државната помош со странските инвеститори, за стоковните резерви, за девизните резерви,…, рече Азески.

Next Post

Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во близина на грчкиот град Кавала

НАЈНОВО

Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

November 15, 2025
VDzambaski / Flickr

Маршот за ангелите во Скопје, почнува на пладне

November 15, 2025

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk