ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски: ГУП ќе се носи крајно транспарентно и исклучиво во корист на граѓаните

July 24, 2025 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот урбанистички план (ГУП) за Град Скопје ќе се носи низ крајно транспарентна постапка и исклучиво во корист на граѓаните, рече денеска Орце Ѓорѓиевски, кандидат за скопски градоначалник, актуелен претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода.

Ѓорѓиевски е дециден дека не може граѓаните во одредено населено место последни да дознаваат што се планира во нивната населба.

-Тоа е апсурд од невидени размери и јас нема да дозволам во перспектива такво нешто. Урбанизмот ќе се креира хумано, согласно потребите на граѓаните. Граѓанинот секогаш ќе го има приматот во таа постапка. Во однос на ГУП, сите ќе бидат вклучени во постапката, таа ќе биде јавна и транспарентна. Во тој дел да немате сомнеж, да нема сомнеж целата јавност. Сите постапки ќе бидат максимално транспарентни и исклучиво во интерес на граѓаните на главниот град, подвлече Ѓорѓиевски, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба во Стопанската комора.

Почната е, информира, одредена постапка од страна на Градот Скопје, а тој како градоначалник на општина Кисела Вода не знае ниту еден детал во однос на тоа.

– Да го консултриате и колегата мој од Аеродром, Карпош или кој било друг од Скопје, врувам дека никој од нив нема никаква информација, а најмалку граѓаните за нешто што треба да биде Устав за Градот Скопје и општините во следните 10, 15, 20 години, како што е стариот ГУП, рече Ѓорѓиевски.

Во однос на дивоградбите, нагласи дека не можат да влезат ниту во детален урбанистички план, ниту во ГУП, а институциите мора да постапуваат еднакво и согласно законот во сите општини, Кисела Вода, Центар, Чаир, Бутел,… Пред законот, според Ѓорѓиевски, не смее да има повластени.

-Познат сум во јавноста како човек кој нема толеранција кон дивоградби и во изминатите четири години покажав дека секаде има постапувања. Понекогаш постапувањето зависи од повисоките инстанци, како магацинот кој моментно е во фаза на жалба, а јас не можам да постапам додека не добиеме судска одлука. Многу е важно што институцијата постапила не само за таа дивоградба, туку и за сите останати – одговорно тврдам, со решенија за отстранување на тие објекти. Тука нема назад. Кога ќе издадете решение за отстранување див објект, не може во перспектива ниту да се легализира, ниту да добие одобрение за градба. Тоа е чекорот што треба сите да го преземат кога станува збор за дивоградбите, подвлече градоначалникот.

За состојбите во Чаир повтори дека држава има систем и институции кои треба да постапуваат секаде.

-За состојбите во Чаир многу пати сум кажал во изминатиот период, оваа држава има систем и институции кои треба да постапуваат секаде, не само во Кисела Вода, не само во Центар, туку и во Чаир, Бутел, во сите општини подеднакво. Пред законот не смее да има повластени и тука треба инстиуциите треба да си ја завршат својата работа. Јас сум категоричен во тоа и тоа сум го кажал во повеќе наврати, подвлече Ѓорѓиевски.

Во Кисела Вода, информира, во најголем дел е постапено по решенијата за уривање, не е постапено само во делот каде што има судски процедури.

-Одговорно тврдам дека за сите дивоградби се издадени решенија за отстранување на тие објекти. Во однос на постапките водени изминатите четири години во Кисела Вода, сум покажал  транспареннтост, тоа се покажа со генералниот урбанистички план за Расадник каде поништивме 99 згради, 99 маркици за градба и се спроведе меѓународен конкурс за идејно решение прв пат по земјотресот во крајно транспарентна постапка во која учествуваа сите општествени чинители освен јас и политиката. Така ќе се носи и ГУП на ниво на Град Скопје, во крајно ттранспарентна постапка, повтори градоначалникот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГУПЃорѓиевски
Next Post
Протести во Кијив откако претседателот Зеленски потпиша закон со кој антикорупциските институции на Украина се ставаат под владина контрола. Фото: Christopher Occhicone / Фејсбук

Дали законот за демонтирање на независната антикорупциска инфраструктура на Украина има врска со руското влијание?

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: Народна банка

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk