Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува во интегрална форма, соопштуваат од СДСМ.
Оттаму велат дека, пензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година.
Денес ќе ја изложиме целосната пресметка и фактите за македонските пензионери да разберат за каква манипулација се работи.
Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите и трошоците за живот. Ако Владата не го менуваше законот и се водеше по услогласувањето, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5%, се наведува во соопштението од СДСМ.
Што значи тоа?
За пензија од 20.000 денари зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како што сега со линеарното зголемување.
Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари.
За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку.
За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000.
И така редоследно секој пензионер губи од пензијата.
Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон, се нагласува во соопштението од СДСМ.
Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото.
Дополнително, следното усогласување во март 2026 ќе се пресметува на помала основица, што значи дека и понатаму пензионерите ќе добиваат помалку од заслуженото.
Со ова решение Владата практично ги излажала и им ускрати од пензиите на пензионерите двапати.
Покрај тоа што пензионерите се оштетени, со оваа одлука се крши принципот на правичност — секој да добива според својот придонес — и се испраќа порака дека вложувањето во пензискиот систем нема смисла, што го загрозува фондот и идните пензии.
Анализата исто така покажува дека денес на еден пензионер има само 1,6 работници — најлош однос досега, а дефицитот на фондот е над 47% и расте. Наместо Владата да го стабилизира системот и да поттикне повеќе вработени, таа со популистички и манипулативни потези го уништува. Не само што го уништува системот, туку објективно ги краде пензионерите, истакнуваат од СДСМ.
Почитувани пензионери,
Со овој предлог закон, Владата ви ги крати заслужените пензии, ве излажа двапати и го поткопува целиот систем на кој се темели вашата безбедност.
Бараме Владата веднаш да го повлече овој предлог и да им ги врати на пензионерите парите што им следуваат, правично и согласно законот!, се наведува во партиското соопштение.