Авион на „Ангара ерлајнс“ Ан-24 со најмалку 40 патници се урна во рускиот регион Амур на крајниот исток од земјата.
Руските медиуми објавија дека остатоците од авионот се пронајдени и дека веројатно нема преживеани.
Остатоци од патничкиот авион се пронајдени на 15 километри од Тинда, планираната дестинација. Хеликоптерот за пребарување не можел да слета во близина на местото на несреќата, па затоа спасувачите ќе мора да стигнат таму пеш.
Руските медиуми, повикувајќи се на извори, напишаа дека, според прелиминарните податоци, нема преживеани.
За време на потрагата по авионот Ан-24 што исчезна од радарот во регионот Амур, остатоците од авионот што гореа беа забележани од воздух, објави руското Министерство за вонредни ситуации.
„За време на операциите за пребарување, хеликоптер Ми-8 на Федералната агенција за воздушен транспорт го откри трупот на авионот во пламен. Спасувачите се подготвуваат да пристигнат на местото на инцидентот“, се вели во соопштението.
Регионалниот гувернер Василиј Орлов изјави дека според прелиминарните податоци, авионот превезувал 43 патници, вклучувајќи пет деца, и шест членови на екипажот. „Сите расположиви сили и ресурси се насочени кон потрага по авионот“, напиша тој на Телеграм.
Министерството за вонредни ситуации процени дека бројот на лица во авионот е малку помал, околу 40.
Руската контрола на воздушниот сообраќај соопшти дека изгубила контакт со патничкиот авион Ан-24, кој превезувал околу 50 лица.
Авионот управуван од авиокомпанијата Ангара бил на лет до градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток од Русија, по должината на границата со Кина. Се верува дека авионот исчезнал само неколку километри пред неговата дестинација.
Поврзано: