Во изминатите дваесет и четири часа се регистрирани вкупно 33 пожари на отворено во цела Македонија, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од 33 пожари, се уште се активни седум, додека пак други седум се под контрола, а деветнаесет се целосно изгаснати.
Активни пожари има во Општините Василево, Радовиш и Берово каде на Малешевските планини гори нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација, во Општина Прилеп кај селото Бешиште, Македонски Брод, Штип, Кочани, Карбинци и Зелениково.
Под контрола се пожарите во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани, во Општина Македонски Брод кај селата Локвица и Крапа, Грешница и Латово, како и во Ресен кај селото Долно Перово и Желино.
Во изминатото деноноќие се изгаснати 19 пожари:
- Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума)цу
- Шуто Оризари 1 – ул. Брсјачка Буна (ѓубре)
- Шуто Оризари 2 – ул. Нов Живот бр.10 (ѓубре)
- Гази Баба 1 – ул. 516 бр.6 (ѓубре)
- Гази Баба 2 – ул. Јужноморавски бригади (ниска вегетација и ѓубре)
- Студеничани 1 – с. Морани (ниска вегетација)
- Студеничани 2 – Дрисла (депонија)
- Аеродром – ул. Тодор Чангов (ниска вегетација)
- Зелениково – с. Смесница (ниска вегетација)
- Куманово 1 – с. Речица (ниска вегетација)
- Куманово 2 – ул. Никола Тесла (сува трева)
- Куманово 3 – с. Пчиња (ниска вегетација)
- Прилеп 1 – с. Штавица (ниска вегетација)
- Прилеп 2 – с. Ново Лагово (ниска вегетација)
- Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
- Гостивар – с. Сенакос (ниска вегетација)
- Сопиште – с. Ракотици (ѓубре и напуштен објект)
- Прилеп – населба Тризла (дива депонија)
- Радовиш – с. Подареш (ниска вегетација)