Германија не планиран на краток рок признавање на независна палестинска држава и наместо тоа ќе продолжи да ја поддржува стратегијата за решение со две држави, соопшти денеска портпаролот на германската Влада.
„Безбедноста на Израел е од врвно значење за германската Влада. Затоа и сега немаме планови да ја признаеме Палестина“, беше нагласено во официјалното соопштение.
– Признавањето на Палестина се смета за завршна фаза во процесот за дво-државно решение, додаде портпаролот.