Денеска е последниот ден од рокот што го постави косовскиот уставен суд, за конституирање на собранието. На денешната седница ќе бидат присутни и амбасадори акредитирани во Косово, пипуваат косовските медиуми.
Во Албанија, министерот за правда, Улси Мања го претстави нацрт-законот за новиот Кривичен законик, со 30 интервенции и 327 члена, пишуваат албанските медиуми.
Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски изб ор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.
КОСОВО
Конституирање на косовското собрание- амбасадорите на западните земји ќе присуствуваат на денешната седница, последна пред рокот од Уставниот суд
„Избраните членови на Собранието на Косово денес ќе се соберат, по 52-ри пат, во уште еден обид да го конституираат деветтиот законодавен дом, што е резултат на парламентарните избори одржани на 9 февруари.
Во продолжението на конститутивната седница, ќе бидат присутни и амбасадори акредитирани во Косово.“, пренесе ТВ 21.
Газета експрес: Потпишан договор за соработка меѓу Косово и Црна Гора за воен материјал
За време на тридневната посета на Црна Гора, тимот на ИККЛ предводен од Атде Хетеми одржа серија состаноци во Подгорица и Улцињ, што резултираше со потпишување договори за соработка и испорака на архивски материјали важни за мисијата на ИККЛ.
Хетеми потпиша договор за соработка со министерот за човекови и малцински права, Фатмир Ѓека, за размена на искуства и документација. Министерот за јавна администрација, Мараш Дукај, и државниот секретар, Астрит Хоџа, исто така, дадоа целосна поддршка за мисијата на ИККЛ.
На средбата со градоначалникот на Улцињ, Генц Ниманбегу, беше потпишан записникот за испорака-прием на архивски материјали, а страните се согласија да продолжат со институционалната соработка.
Важни материјали разменија и Радио телевизија на Црна Гора. За време на средбата со г-дин Сенад Гилај, уредник на Програмата за малцинства, и г-дин Предраг Вукчевиќ, началник на кабинетот, РТЦГ достави архивски материјали во фондот на IKKL. Соработката беше формализирана и со Телевизија Теута, локален медиум од значење за албанската заедница во Улцињ.
АЛБАНИЈА
Топ Чанел: Презентиран нацрт-законот за новиот Кривичен законик, направени се 30 интервенции, има 327 членови- По Брисел, ќе оди во Парламентот
Нацрт-законот за новиот Кривичен законик беше презентиран денеска, а присутен беше и министерот за правда, Улси Мања.
Направени се 30 интервенции, нагласи министерот, кој додаде дека се очекува новиот законик да има 327 членови, во споредба со сегашниот кој има 285 членови и 550 ставови.
„Кодексот е функционален од 1995 година, новиот законик не е политичко прашање, туку на општество кое еволуира и интегрира. Сегашниот законик имаше 285 членови и 550 ставови, а во моментов се направени 30 интервенции и има 327 членови. Новиот основен законик го има уставот од 1998 година. Процесот на интеграција бара кривичен законик со оној на Европската Унија“, соопшти меѓу другото Мања, пренесе Топ Чанел.
Сури: Договорот за мигрантите со Албанија ја чини италијанската влада 114 илјади евра дневно
Договорот со Албанија за мигрантите е најскапата, најнехумана и најбескорисна операција во историјата на италијанските миграциски политики. Ова се наведува во извештајот на „Акшн Еид“ и Универзитетот Барти, кои ги објавија економските сметки на двата центри за притвор за баратели на азил што италијанската влада ги отвори во Ѓадер и Шенѓин во октомври 2024 година.
Бројките се зачудувачки, се вели во извештајот, со над 153.000 евра за поставување на еден кревет и 114.000 евра дневно за само пет дена работење во 2024 година, сите јавни пари, пренесе Сури,
КОЛУМНА
Коха: „Предупредување од Сараево“
„По длабок сон, руската инвазија на Украина го разбуди вниманието на ЕУ кон процесот на проширување.
Одлуките што ЕУ не ги донесе со години беа донесени во рок од неколку месеци. Украина и Молдавија добија статус на земја-кандидат и започнаа преговори за пристапување. Грузија и Босна и Херцеговина добија статус на земја-кандидат. Босна, исто така, започна преговори за пристапување. Албанија и Северна Македонија започнаа преговори за пристапување. Косово доби визна либерализација.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната Предупредување од Сараево“, објавена во косовкиот дневен весник Коха.
Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа