Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
„Некои можеби ќе ме прогласат и за конзервативен, некои можеби ќе ме прогласат за човек кој што можеби живее во минатото, но, јас мислам дека потомството, создавањето семејство и дечињата е патриотски чин и денеска така се брани иднината на Македонија и македонскиот народ.“
Не, Миц, ти не си конзервативен, а не си ниту човек кој живее само во минатото, за жал, ти си фактор кој со својата појава, со интензитетот на таа појавност, со нејзината содржина, со нејзината интонација и дикција, со својата партија, со сојата влада, со министрите и началниците, со своите градоначалници, со својата претседателка итн. со климата што ја создаваш во општеството и со местото што му го одземаш на општеството и на државата од вип ложата на светската сцена, го пресушуваш либидото кај луѓето од македонски праисход, предизвикуваш еректилна дисфункција и шупливи сперматозоиди кај мажите и затнати канали и малолетнички менопаузи кај жените, го намалуваш бројот на луѓето односно на тој психофизички, би рекол, план, правиш сѐ Македонци да има сѐ помалку и да се множат сѐ поретко и покрај тоа што ти и твоите ги ебете секој ден кај ќе стигнете.
Во таква ситуација, зголемените бесплатни ин-витро процедури се важни за паровите кои на природен начин не можат да имаат деца, но се безначајни во однос на глупавата амбиција за која зборуваш.
Нема патриотски секс, драг мој Мицко: кој би се ебел за Македонија што ти ја закла!?
Без ин морто за вмро, за неговите доктрини и наследства, нема демографски и секаков спас за Македонија затоа што вие сте капацитирани да претворите во идиоти и милион новородени Македончиња.
Весна е вашата менгелица!
Или мангулица беше, не сум сигурен.
Македонија може да се спаси само ако на тебе ти каже: Еби се!
Правите демонска формална мобилизација. Фабрикувате заканувачка атмосфера, фабрикувате вера, воодушевување, идеали. Слепа послушност и слепа вера. Вештачки воведувате вештачки состојби и сите – пред сѐ, стварноста – треба да бидат посветени на стекнувањето на моќ.
Каква?
Како изразита глупост, волшебни лаги, несвесно или свесно преиначување на најочигледната очигледност, атмосфера на страшните сништа.
Каков ужас.
Чудовишност.
Тие години и состојби се пострашни од евентуалното исчезнување.
Немате никаков пристап до современиот човек и до современиот свет, се губите во културата, поим немате од денешната модерна мисла, за што било што би ни дозволило сегашниот свет да го опфатиме и да се доведеме во ред.
Хаос.
Мрак.
Вртлози и магли.
Македонецот се лизга како дожд низ керамиди.
А кога Историјата, со ваша помош, не исфрли од современиот свет, почнавме да се топиме како путер на сонце.
Бугари никнат како печурки по дожд.
И ти во таква атмосфера ги повикуваш луѓето да се ебат.
Ти би бил добар циник да не си политички лудак.
Еве, слушам како главниот кумановски идиот вели дека нема да дозволат да ја загубиме државата.
Па, чекај малку, па нели пред три години донесе од Куманово еден куп дивизии да ги испокинат преговарачката рамка и Договорот со Бугарија, да ја испцујат Европа, сами да нѐ оставеле да си го чуваме идентитетот, нели произведовте милион предавници, како тоа сега наместо спас сме дошле пред опасност да ја загубиме државата.
Па вас ве формираа и прибраа за да ја загубите, бе, глупердо!
Македонија беше на Монт Еверест кога вие ја фативте за ногавицата и ја свлековте во Катманду.
Од европска држава направивте балкански пациент.
Неизлечив.
Второ, никој никогаш не правел деца од патриотски побуди, а денеска на тоа не верувам дека ќе сакаат да се решат и неизлечиви кретенчуги од младите сили на вмро.
На времето Македонците имале по повеќе деца не затоа што биле поголеми патриоти (освен тоа, главно, биле Бугари) туку затоа што имале потреба од работна рака.
Во таа тешка сиромаштија животот бликал, дир Мицко.
Луѓето биле во хармонија со својата средина и со условите за живот.
И – се бореле.
Не виселе по општинските комитети на вмро.
Ти и твојата партија ја испразнивте Македонија од реалните национални содржини и ја наполнивте со сламата на комитлакот.
Вие сте за Македонија тоа што Енола геј беше за Хирошима, шумски пожар кој триесет и пет години не престанува да гори и уништува сѐ пред себе, вие сте хероин помешан си гипс во дози кои го анестезираат Македонецот до нивото кога, всушност, е на границата кога му е подобро да умре отколку да прави деца за да го исполни својот патриотски долг. Деца кои ќе ги чуваат коските на Гоце Делчев и ќе се борат некој да донесе резолуција за нивниот идентитет и јазик.
Идиотлук над сите идиотлуци.
Јас мислам дека децата што треба да се родат во таков амбиент и со такви патриотски задачи и идеи, демек „да ја чуваат иднината на Македонија и на македонскиот народ“, не треба да се зачнуваат.
Сакам на крајот да кажам дека раѓањето не е решение за Македонија, туку смртта: Или на вмро или на Македонија.
Трето – нема!
Ние не можевме да дозволиме нашето културно минато, нашето колективно ниво, нашата грчевита историја, нашето народно сиромаштво, да ни ги одредува границите, а вмро не само што ја заглави нацијата во тие граници, туку уште повеќе ги стесни и сега сме едно средно големо шарпланинско трло во кое овците ги ебат само овчарите, а од тој однос не се раѓаат ниту Македонци ниту овци.
Смрт.
Само смрт.
Срамна смрт.
Глупава смрт родена во глупоста на народот.
Единствена и неповторлива.
Што треба да ни служи на чест.
Наместо животот.
Хахаха!