Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи на денешните квалификациите за Големата награда на Белгија.
Неговиот клупски колега Оскар Пјастри го освои второто место. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше трет.
Четвртото најбрзо време го покажа четирикратниот и актуелен светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул.
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, седумкратен светски шампион, беше на 16-та позиција на крајот од сесијата.
Главната трка од формула 1 шампионатот за Големата награда на Белгија ќе се вози утре од 15 часот на патеката „Спа-Франкоршам“.