Со прекинато водоснабдување денеска од 10:15 часот поради дефект ќе бидат корисниците од улиците Исмаил Кадаре, Неџат Аголи и Кумбара, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
-Ве известуваме дека на ден 26.07.2025 г. поради дефект на водоводен затварач (огрлица)Ф80мм.на улица Исмаил Кадаре 41 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Исмаил Кадаре, Неџат Аголи и Кумбара, се наведува во соопштението.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.