Човекот што се фалеше дека е ДНК на СДСМ последнава година упорно работи против партијата со која стана и премиер и претседател на државата.
Откако лани отворено работеше за Максим Димитриевски и за “своите деца” во ЗНАМ, годинава ветил дека ќе даде поддршка и на ВМРО-ДПМНЕ во обидот да му обезбедат втор мандат на Кирил Пецаков во Охрид.
Според наши извори, службената кола на Пецаков годинава во најмалку два наврати е забележана паркирана пред семејната куќа на Црвенковски во Слатино. На тие средби е договорено, преку измени во ДУП-от, Пецаков да им овозможи на локални бизнисмени, блиски до Црвенковски, да купат за багателни цени атрактивни парцели во центарот на Охрид, а за возврат локалната фракција на СДСМ – бранковисти да го гласа Пецаков уште во првиот круг на изборите и да настапи со посебна советничка листа, исто како и во 2021 кога отпадниците од СДСМ освоија дури 2.000 гласови со што директно му овозможија на ВМРО да има мнозинство во советот.
Договорот Црвенковски – Пецаков бил финализиран на нивна средба во едно од охридските кафулиња во центарот на градот, каде што Папата пиел кафе со младиот вмровец кој си играл со другарчињата во градинка кога Црвенковски на времето ги биеше битките против ВМРО со кои целосно беше одбележан неговиот политички ангажман во независна Македонија.
‼️ОД ПАПА ДО АКТИВИСТ НА УМС на ВМРО – ДПМНЕ
Човекот што се фалеше дека е ДНК на СДСМ последнава година упорно работи против партијата со која стана и премиер и претседател на државата.
Откако лани отворено работеше за Максим Димитриевски и за “своите деца” во ЗНАМ, годинава…
— Робусна Акција (@RoAcX87v2) July 26, 2025