Канадската тенисерка Ежени Бушар се пласира во второто коло од ВТА-турнирот во Монтреал.
Домашната претставничка ноќеска ја совлада Емилијана Аранго со 6:4, 2:6 и 6:2.
Триесет и едногодишната Бушар го доби својот прв меч на ВТА натпревар од септември 2023 година. Таа го игра својот последен турнир во Монтреал.
Следна противничка на Бушар ќе биде Белинда Бенчиќ.