ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За неопходноста на македонскиот народ од северномакедонски национализам и негов(и) политички носител(и)

July 29, 2025 11:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Секоја модерна нација, вклучително нашата, на Северна Македонија, е политичко и меѓународно-правна категорија што ги дефинира државјаните на една меѓународно призната држава со сите нивни:

– лични (вклучително граѓански) и

– колективни (вклучително етнички) права и карактеристики.

Државата дома ги штити личните и колективните права низ уставниот поредок и владеењето на правото.

Припадникот на нацијата надвор (преку пасош) ја добива правната заштита од својата држава во случај на потреба.

Македонецот, Албанецот, Турчинот, Ромот, Србинот, Бошњакот, Влавот… Бугаринот, Хрватот, Словенецот, Торбешот, Еѓипќанецот…  во Северна Македонија ги остварува своите колективни права согласно Уставот вклучително одредбите произведени од Рамковниот договор.

Согласно дефинициите кои всушност не се новитет на 2001, туку повторно ги воведоа во уставниот поредок одредбите од амандманите на Уставот на СРМ од 1971 потоа потврдени во Уставот од 1974, пред да се укинат 1991.

Во оваа смисла, нацијата на Северна Македонија е враќањето на македонскиот народ на позицијата на одговорност кон себе и кон сите свои сограѓани – низ гарантирање рамноправност и пристап до можностите во модерната нација, а не исклучивост.

Исклучивоста кон немакедонците е инструментот за контрола на Белград врз Скопје во (пост)југословенската ера:  Само системот што може да биде исклучив кон немакедонците – може да биде ексклузивен за подобните, системските македонци – наспроти Македонците.

Од тука произлегува отпорот на олигархијата и нејзините традиционални партии кон концептот на нацијата на Северна Македонија, односно северномакедонската нација и секој атрибут изведен од името на државата.

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сега бегаат од уставното име на државата: Северна Македонија не е – југословенска.

Затоа што северномакедонскиот национален идентитет на модерна, суверена, самостојна нација – е гарантот на сите наши етнички идентитети, на секој од народите во нацијата – и со тоа и на македонскиот народ.

Без тоа да го бараме од некого надвор, туку затоа што секој од нас е тоа што е и не бара дозвола за својот идентитет. Како и сите други впрочем.

Тоа е заедничкиот елемент на Преспанскиот, “Софискиот” и – Рамковниот договор. Затоа трите се на удар на традиционалните партии и медиуми, сосе нивните сопственици.

Југомакедонизмот е концептот за одржување на привилегиите на “црвената буржоазија” наспроти Македонците, од средината на 1960-тите, преку распадот на СФРЈ се до отворањето на “српскиот свет” – во Извештајот на Европскиот Парламент годинава.

Единствен “отклон” во тој период е кусата ера на Крсте Црвенкоски, кому никогаш ниту Белград ниту југословенско Скопје не му простија за политичката елиминација на Ранковиќ.

И сега отворен како прокси на “рускиот” – “српскиот свет” е неупотреблив, колку и да се координираат Мицкоски и Вучелиќ во Охрид.

Затоа очекувајте припадниците на  скопските подружници на СНС, СПС и СПЦ (трипартитната коалиција ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, МПЦ) – да пробаат да се вградат како “првоборци” против него.

Особено откако отворањето на досиејата на југо-службите побарано во извештајот за Северна Македонија – стана тема во Србија. Иако Скопје проба да ја премолчи.

Северномакедонскиот национализам е непријатен за југомакедонизмот затоа што открива дека југо-службите се бореа против сепаратизмот на конститутивните народи во СФРЈ, вклучително на македонскиот.

И ја ништи идиличната слика за екс-федерацијата на која почиваше – БЈРМ.

Северномакедонскиот национализам всушност е потреба на (секој граѓанин и на) секој народ во Северна Македонија.

Бидејќи не е насочен против некого, туку за нешто: просперитет на секој граѓанин и припадник на народите во Северна Македонија.

И со тоа не е употреблив за македонскиот народ да биде клин на српскиот/рускиот свет ниту во Северна Македонија ниту во соседството.

А за Македонците е мотивот за докажување пред себе и сите околу нас низ квалитет, вредност, работливост, конкурентност, одговорност – кон себе и своето семејство, нашата потесна и поширока заедница.

Наместо потиштеност, недоверба во себе и сите околу нас.

Она што е наше никој не може и не сака да ни го земе.

“Колку сме, толку сме – доволно сме” – ако знаеме што сакаме за нас, а не ако само сакаме “да му цркне козата на комшијата”.

Ако ние Македонците немавме идентитетски проблем иако настапувавме и навивавме за федерална репрезентација до 1990 – секако нема да имаме проблем да навиваме за своја и наша – национална репрезентација.

Ниту лавот ќе го менуваме за “Вергина”.

Овој концепт на нова република на нацијата секако не може да го обмислат, водат и реализираат традиционалните партии, затоа што тие се само последица на југомакедонизмот.

Затоа и ова одбележување на Илинден ќе треба да им послужи за да го одржат системот втемелен на внатрешна контрадикција: комити на коњ, со сонце од “Вергина” во рацете и песна на Теа Таировиќ на усните.

Наше е да се подготвиме за вистинските прашање кои доаѓаат со предвремените избори догодина.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Битка за Дошница – сомнителни концесии за мали хидроцентрали и ефектот Грета Тунберг

July 29, 2025

ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат

July 29, 2025

Европратеници бараат „значајни акции“ од ЕУ како одговор на иницијативата за израелска анексија на Западниот Брег

July 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скандалозни измени на Законот за полиција: Полицаец осуден за кривични дела нема да се брка од работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно со пороен дожд и грмежи од утре попладне до четврток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За неопходноста на македонскиот народ од северномакедонски национализам и негов(и) политички носител(и)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Половина милијарда за ветер(ници) во Штип – 100 милиони прашалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk