САД воведоа санкции против претставници на Палестинската управа (ПА) и членови на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), соопшти денеска Стејт департментот.
Како што се наведува во соопштението, санкциите вклучуваат забрана за издавање американски визи за засегнатите поединци.
– Во интерес на националната безбедност е да воведеме последици и да ги повикаме на одговорност ПЛО и Палестинската управа за непочитување на нивните меѓународни обврски и поткопување на изгледите за траен мир на Блискиот Исток … Вклучувајќи ги и оние содржани во Резолуциите на Советот за безбедност на ОН 242 и 338, се истакнува во соопштението.