Двајца возрасни од велешко Горно Оризари нападнале малолетно дете. при што употребиле цврст предмет.
-Во СВР Велес вчера и денеска бил извршен службен разговор со 56-годишниот О.Ш. и 31-годишниот А.Т., двајцата од велешкото село Горно Оризари, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишната С.Ц. од село Горно Оризари дека на 30.07.2025 во Горно Оризари, физички го нападнале нејзиниот малолетен син. Тие употребиле и тврд предмет, кој е пронајден и одземен од О.Ш., информира портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.
Од СВР Велес најавија дека бил известен е јавен обвинител и по докуметирање на настанот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.