ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ТАВ Македонија: Нови директни летови од Меѓународниот аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака

August 1, 2025 13:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ТАВ Македонија најавува нови директни авиолинии до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага и Ларнака, за кои авиобилетите се веќе во продажба, и Келн, притоа зајакнувајќи ја воздушната поврзаност со клучни европски градови и позицијата на Меѓународниот Аеродром Скопје како регионален туристички центар.

– ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со гордост најавува нови возбудливи директни авиолинии до главни европски дестинации: Стокхолм (Шведска), Бари (Италија), Мадрид (Шпанија), Прага (Чешка), Келн (Германија) и претходно најавената Ларнака (Кипар), на кои ќе сообраќа Визер. Ова претставува чекор напред во подобрувањето на воздушната поврзаност на Меѓународниот Аеродром Скопје и патниците од неговото пошироко подрачје, соопшти денеска аеродромскиот оператор.

Со овие нови дополнувања, оценуваат, Меѓународниот Аеродром Скопје и натаму се позиционира како растечки регионален центар, нудејќи им на патниците поширок избор на директни летови до дестинации за одмор и бизнис. Новите дестинации, исто така, придонесуваат кон мисијата на ТАВ Македонија за олеснување на мобилноста и пристапноста, а воедно и одржување на највисоките стандарди за безбедност, ефикасност и патничко искуство.

– Овие нови авиолинии ја демонстрираат посветеноста на ТАВ Македонија за проширување на поврзаноста и можностите за патување. Обезбедувањето дестинации како Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака – особено новите пазари – бара долгорочни преговори и тесна соработка со авиокомпаниите и туристичкиот сектор. Како аеродромски оператор со визија и стратегија да го направи Меѓународниот Аеродром Скопје регионален центар, со огромната поддршка од Владата, и нашата програма за стимулации, нашата цел е привлекување авиопревозници, особено за воведување летови до популарни дестинации за одмор. Овие нови авиолинии отвораат нови можности за туризам, вклучувајќи летни одмори и краток одмор во европски метрополи, со што се зголемува одржливиот сообраќај и се зајакнува нашето присуство на европската туристичка мапа. Конечно, ваквите развојни активности го зголемуваат и бројот на странски туристи во земјава преку овие авиолинии, придонесувајќи за одржлив раст на сообраќајот, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Од ТАВ Македонија посочуваат дека новите авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзуваат патниците со различни возбудливи дестинации: Стокхолм за скандинавската култура, Бари како порта кон Јужна Италија и јадранскиот брег, Мадрид како клучен европски центар за бизнис и рекреација, Прага со својот историски шарм на Централна Европа, Келн, енергичен град на Рајна, познат по својата богата историја и живописна култура, и Ларнака, популарна дестинација на медитеранските плажи во текот на целата година.

Билетите се веќе во продажба на веб-страницата на Визер за Стокхолм, Бари и Мадрид со по 3 неделни летови, Прага и Ларнака со по 2 лета неделно. Летовите до овие нови авиолинии ќе стартуваат со почетокот на зимската сезона 2025/2026, т.е. крајот на октомври, почетокот на ноември и декември, соодветно, со што ќе им се овозможи на патниците на скопскиот аеродром поголем пристап до клучните културни, економски и туристички центри низ Европа, со Визер како нискобуџетна авиокомпанија која нуди  комплетни услуги.

Патниците можат да ги резервираат своите летови директно преку веб-страницата на Визер, https://www.wizzair.com/en-gb.

Новите авиолинии  од Скопскиот аеродорм вчера преку објава на социјалните мрежи ги соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: летовиТАВ Македонија
Next Post
Фото: Скриншот од видео на Firstpost

Техеран би можел да „пресуши“ за неколку недели додека земјата страда од сериозна криза со водата

НАЈНОВО

Израел тврди – речиси целиот север на Појасот Газа е испразнет од цивили; според ОН тами сè уште има стотици илјади луѓе

October 5, 2025

Израелската армија пресретна ракета истрелана од Хитите во Јемен

October 5, 2025
Фото: Виз Ер Скопскиот маратон

(ФОТО) Дарио Ивановски триумфираше на Виз Ер Скопскиот маратон – рекордни над 14.000 учесници на скопските улици

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk