Дипломатско-конзуларното претставништво (ДКП) во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот Д.Ч., со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во земјава, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).
Оттаму нагласуваат дека до Амбасадата во Прага, Чешка, на 2 август 2025 година била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор, управуван од лицето Д.Ч., државјанин на Република Северна Македонија, кој во несреќата се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница на лекување. По добиената информација, Амбасадата веднаш стапила во контакт со семејството.
-На 3 август, од страна на фамилијата на лицето Д.Ч., Амбасадата била информирана дека тој им подлегнал на повредите, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Д.Ч., син на познат македонски бизнисмен, го загуби животот во несреќа со мотоцикл на мотодромот во Брно, Чешка. Тој изгубил контрола врз мотоциклот на еден од бизутите свиоци на мотодромот по што се здобил со повреди на главата. Веднаш му била укажана прва помош и бил пренесен на лекување, но им подлегнал на повредите.