Уличната мода одамна се заснова на иновација — од предимензионирани силуети до функционални техно-парчиња. Сега, модната марка Akimbo оди чекор понатаму со дуксер дизајниран за вистинските ентузијасти: “Watch-Peeker” дуксер, со суптилен, зајакнат отвор на ракавот што овозможува гледање на часовникот.
На прв поглед, дуксерот изгледа како класично парче модерна улична мода — памучна ткаенина, винтиџ ефект, и необработени рабови. Но она што ја издвојува е детаљ што само вистинските познавачи ќе го забележат: мал отвор на делот од ракавот каде се носи часовник — идеален за да го покажете вашиот часовник без да ја поместувате облеката.
View this post on Instagram
“Watch-Peeker” е достапна во пуловер и zip-up верзија, обично во лимитирани серии, и веќе добива внимание во онлајн модните заедници. Овој модел се приклучува на трендот на улична мода што става акцент на дискретна функционалност — слично на скриени патенти или слоевито облекување — но со естетски израз. Отворот на ракавот не е само практичен; тој е омаж кон часовничарската култура во добата на дигиталниот луксуз.
Редакција Фронтлајн