Едно лице загина во пожар во департманот Од во јужна Франција, објавија локалните власти.
Локалните власти соопштија дека пожарот се шири „многу брзо“ и дека 1.820 пожарникари работат на негово локализирање. Околу 2.500 домаќинства во областа моментално се без електрична енергија, се додава во соопштението.
Претседателот Емануел Макрон напиша на „Х“ дека сите владини ресурси се мобилизирани за гаснење на пожарот во Од.