ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МВР: На трибините има место само за спортското навивање, говорот на омраза најстрого ќе се санкционира

August 6, 2025 14:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СПОРТ

Во врска со националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој вчера се одржа на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје, врз основа на снимениот и документиран материјал, презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител.

-До Обвинителството е доставено писмено известување врз основа на веќе утврдениот материјал, по што МВР ќе постапува согласно своите надлежности во координација со ОЈО и за какви било утврдени законски прекршувања ќе следуваат соодветни поднесоци, за што јавноста благовремено ќе биде информирана, соопшти МВР.

За скандидарањата со говор на омраза на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија, кој на 2 август се одржа во Спортската сала во Куманово, пак, Министерството потсетува дека во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои е извршен службен разговор и дека по извршени анализи „во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки“. За овој настан едно лице е лишено од слобода, додава МВР,  и против него ќе следува соодветен поднесок.

Министерството за внатрешни работи нагласува дека постојано апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи „да ги бодрат своите спортски клубови, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без какви било навреди по лична, етничка, верска или  која било друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот“.

-Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето мирни и непречени спортски натпревари, како во минатото така и сега и во иднина, полицијата ќе биде крајно ригорозна по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања и друг начин на ширење на говор на омраза, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Tags: говор на омразаМВРспортското навивање
Next Post

СДСМ: Министерство на хартија, без резултати, без план - ВМРО-ДПМНЕ ги изневери младите

НАЈНОВО

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 9, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk