Регионалниот центар за управување со кризи по добиено известување од ЕВН Македонија АД информира дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку улици во Скопје.
Во периодот од 08.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Михаил и Ефтихиј, а од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Фредерик Шопен во Општина Кисела Вода.
Од 09.00 до 14.30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. Бриселска во Карпош. Од 11.00 до 14.00 часот, пак, без струја ќе бидат корисниците од улицата кај керамика Имола под обиколницата во Бутел.