ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи – против три лица поднесени кривични пријави

August 7, 2025 11:55
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Златен накит вреден 1,3 милиони денари е запленет од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица. Во случајот се осомничени две патнички кои патувале на релација Турција – Македонија, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за криумчарење, информираат денеска од Царинската управа.

При контрола на багажот и личен претрес, кај патничките било пронајдено злато од 22 и 14 карати, во вкупна тежина од 304 грама, како и сертификати за гаранција на златото. За овој накит, требало да бидат платени 481 илјада денари давачки кон државата. Двете лица се македонски државјанки со живеалиште во Холандија.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое по спроведување на предистражни дејствија ќе поднесе кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Од Царинската управа инфомираат и дека царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречиле обид за криумчарење 210 вијали со ботулински токсин за инјектирање – супстанца која се користи во медицината и е под строг режим на увоз.

Инјекциите биле откриени при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Призрен. Во патната торба на осомничениот патник биле пронајдени 170 вијали DYSPORT 500 и 40 вијали MASPORT 500, и двете со ботулински токсин тип А.

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело кривична пријава за криумчарење против лицето до надлежното Основно јавно обвинителство, а производите се запленети.

Исто така, 44 пакувања со вкупно 2.580 капсули суплементи „Afye“ се запленети на Меѓународен Аеродром Скопје, откако биле пронајдени во куферот на холандски државјанин, кој, пристигнувајќи со лет од Измир, се упатил кон зелениот канал со намера да ја избегне царинската контрола.

Службеници на Царинската управа откриле и вкупно 144 делови за земјоделски машини при контрола на камион на влез во државата, спроведена од страна на Службата за мобилни скенери на  граничниот премин Табановце. Деловите за земјоделски машини биле скриени во торби, сместени во кабината на камионот.

Запленети биле и 21 штека цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката на празен камион-кипер со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.

На граничниот премин Дојран, пак, мобилен царински тим запленил 128 пара обувки со потпис на заштитени трговски марки, поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.

Случајот е откриен при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово.

При контрола на пратка со потекло од Дубаи, пријавена за увозно царинење, царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје откриле 74 ремчиња за смарт часовници, кои не биле опфатени со царинските документи. Стоката наменета за увозник од Скопје е запленета, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна постапка.

Next Post

Според ОН, на гладните Палестинци им останува само 1,5% од обработливото земјиште во Газа поради израелската војна

НАЈНОВО

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции, одговорност мора да има за секој

November 14, 2025

Почнува „Фестивалот на чај“ 

November 14, 2025

ВЛЕН: Започнува новата економска ера, минималната плата оди на 26.400 денари

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сонот за Тоше се претвори во импресивен витраж на Гумење во Крушево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk