Полицијата синоќа по претходна пријава за слушнаите истрли во село Рашче лишила од слобода две лица од истото село кои пукале на свадба.
-Во село Рашче, скопско, полициски службеници од ПС Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од с. Рашче. Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба, информираат денбеска од МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.