Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед, соопшти премиерлигашот. 22-годишниот фудбалер потпиша договор до 2030 година, а трансферот има вредност од 76,5 милиони евра и дополнителни 8,5 во бонуси.
– Историјата на Манчестер Јунајтед е посебна, но мене ме возбудува иднината. Кога зборувавме за проектот беше јасно дека имаат за цел овој тим да се надоградува и да расте и повторно да бидеме во борба за пехари. Сакам да го достигнам својот максимум и да ги исполнам сите свои желби, изјави Шешко за официјалниот сајт на клубот.
Словенечкиот репрезентативец претходната сезона за бундеслигашот на 45 натпревари постигна 21 гол, воедно тој со 16 години е најмладиот репрезентативец на својата држава.
Манчестер Јујајтед ова лето потроши 150 милиони евра за Матеус Куња и Брајан Мбуено.
Во првото коло од новата сезона Манчестер Јунајтед на домашен терен игра со Арсенал.