Од своето долгогодишно искуство во набљудување на изборни процеси, ЦИВИЛ континуирано укажува на опасностите од дезинформации и координирани политички наративи кои имаат цел да ја изместат вистинската слика за изборниот процес. Во своите извештаи, ЦИВИЛ честопати нотира случаи на говор на омраза, манипулација со јавноста преку лажни вести, злоупотреба на јавни ресурси и притисоци врз гласачи – појави кои директно влијаат на интегритетот на изборите и демократските процеси во државата.
Што е што во изборен контекст
1. Што е политички наратив и како функционира?
Политички наратив е селективно и насочено раскажување или толкување на реалноста, креирано од страна на политички актери, со цел да влијае врз јавното мислење, емоциите и однесувањето на гласачите. Тоа е „приказна“ што политичарите или партии ја нудат за тоа кои се проблемите, зошто постојат, и кој е „вистинскиот“ начин да се решат.
На пример, во 2021 година ЦИВИЛ забележа како темите за пожарите, пописот и пандемијата беа спинувани во изборната реторика за да се создаде наратив на „спасител против некомпетентна власт“. Наративите ретко одговараат на вистинските локални проблеми – како квалитет на инфраструктура или локални услуги – туку го „спуштаат“ националниот политички дискурс на локално ниво.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk
Вашиот глас има моќ. Искористете ја!
Извор: Цивил Медиа