Во очаен обид да инсталираат режим, поради страв од сопствена некапацитираност; неспособноста и незаконското постапување на началниците на г-дин Тошковски, силеџиски дејствуваат против секоја општа и уставна логика. За тоа, итно треба да бидат изнесени пред лицето на правдата, објави Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ.
Таа истакна дека очекува за скандалот во Демир Хисар, ОЈО да постапи согласно своите надлежности, кога веќе началникот ги пречекорил своите овластувања и очигледно злоупотребил службена положба.
„На власта не и јасно се уште, дека државата не е приватна сопственост.
МВР не може и не смее да биде ставено во функција на личните потреби на дпмнеовски началничиња – со крајно компроматна историја.
СДСМ еднаш сруши режим, ама овој пат нема да ни да дозволи да биде инсталиран.
Неспособноста не може да се покрие со режимски практики, за кои исто така немаат капацитет“, истакна Чупеска.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка.
-Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата. МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните, информира МВР.
Поврзано:
МВР го разрешува началник од Демир Хисар поради непрофесионално однесување