ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Safe Water Sports“ советуваат како да се заштитиме од давење во водена средина

August 10, 2025 14:32
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

За време на младински натпревар во синхронизирано пливање во грчкиот град Волос, спасувач експресно се фрла во базенοт откако забележува дека едно од девојчињата ја губи свеста и веднаш ја извлекува од водата, а со брзата интервенција и го спасува животот.

Конкретниот случај од пред два дена е еден од оние ретките со среќен крај.

Губењето живот во водена средина, најчесто во море или базен, особено во летниот период е речиси секојдневие во Грција.

Според Светската здравствена организација (СЗО) над 30 луѓе ширум светот го губат животот од давење секој час, секој ден, а во Грција, за време на летниот период во соопштенијата од Крајбрежната служба секојдневно има случаи на домашен или странски турист кој животот го загубил во морето, додека и оваа сезона, меѓу загинатите има и македонски државјани, а последниот случај е од четвртокот.

Во Грција, во последните пет години во просек 357 лица годишно ги губат животите во водна средина според податоците од Опсерваторијата за несреќи на невладината организација „Safe Water Sports“, а Елиса Карабетиан-Никотиан од организацијата во разговор со дописничката на МИА од Атина ги анализира податоците и причините за давење, но и советува: како да се заштитиме од давење за време на летниот одмор во Грција.

„Safe Water Sports“ е невладина организација што работи на подигање на безбедноста при спортови и активности во вода, особено за деца и туристи, годинава одбележува десет години постоење, а соработува со Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), со Министерствата за поморство и туризам, како и со Крајбрежната служба.

Согласно податоците од организацијата и од ЕОДИ, во 2024 година, 395 лица ги загубиле животите во водната средина во Грција за време на пливање, водни спортови, активности за водна рекреација.

– Сега засега сме подобри од лани и ова требаа да се нагласи како позитивно. Досега до јули имаме 197 давења за разлика од 245 што имавме лани за истиот период во сите овие месеците, вели Карабетиан-Никотиан.

Статистиката покажува дека од несреќите со трагичен крај, 98 отсто се во близина на брегот, а не на отворено море, при пливање (95 проценти), а 66 отсто од несреќите за време на пливање се случиле на плажи на кои нема спасител.

Најранлива возрасна група се лицата над 60 години, кои се 81 отсто од смртните случаи.

Во текот на летната сезона во Грција животот поради давење во море го губат и голем број туристи, а годинава, во текот на јуни и јули на грчките плажи се удавија и четворица македонски државјани: 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак, 80-годишен маж во близина на Кавала, како и последниот случај од четвртокот со давење на 75-годишна жена во близина на првиот крак.

Елиса Карабетиан-Никотиан „Safe Water Sports“ за МИА анализира дека главните причини за давење се преценување на сопствените способности особено кај старите лица, недостиг на надзор за децата, пливање на пусти плажи без спасувачи, јадење непосредно пред пливање.

-Мнозинството што ги губат животите се повозрасни лица, повеќето секогаш се мажи, но за жал во последниот период имаме случаи и со мали деца, вели Карабетиан-Никотиан.

За децата, објаснува дека нaјчесто не постои надзор, „многупати родителите ги оставаат без надзор, без разлика дали се на море или на безен“.

Дополнително вели дека нешто што важи и за децата и за возрасните е дека многу често, јадат и веднаш влегуваат во вода и пливаат, а задолжително треба да поминати два-три часа.

– Оние што се повозрасни одбираат да одат на плажа многу рано наутро за да нема луѓе и да не биде толку топло, односно околу 8-10 часот, временски период кога нема спасувачи. Исто така ги преценуваат своите можности, одат сами, што е погрешно. Треба секогаш да имаме некој со нас, за доколку ни се случи нешто да може да ги извести надлежните. Секогаш да избираме плажа со спасувач, ние многу го нагласуваме ова, да не одиме непознати води, кога нема никој таму, колку и да е убава плажата. Да пливаме секогаш паралелно со плажата бидејќи така не ја губиме нашата ориентација, да не одиме зад карпи каде што не може никој да не види, да внимаваме дури и со скокање во вода, бидејќи неодамна имавме случај со малолетно дете кое се повреди паѓајќи од карпа, при скок, секогаш треба да ја контролираме длабочината на морето и секако да не ја напуштаме означената безбедна зона за капачи, објаснува Карабетиан-Никотиан.

На популарните плажи со голем број посетители, согласно законот задолжително треба да постои спасувач во периодот од 10 до 18 часот, а од „Safe Water Sports“ велат дека е позитивно тоа што веќе постојат многу општини кои одбираат да го продолжат времето на престој на спасувачите, на пример од 8 наутро и да ги задржат до 19-20 часот навечер.

Дополнителна опасност претставуваат и спортските и морските активности во море, со оглед на тоа што, како што потенцира претставничката од „Safe Water Sports“, бизнисите кои нудат водни споротиви на плажа не се секогаш лиценцирани и не ги информираат посетителите за сите безбедносни регулативи.

Бесплатна мобилна апликација „Safe Water Sports“ за информирање за сè што е поврзано со плажите и безбедноста

За информирање на посетителите за сè што е поврзано со плажите, односно за дозволените активности, за присуството на спасувачи, за безбедносните стандарди и за лиценцирани водени спортови и морски активности, невладината организација заедно со Министерството за поморство и со поддршка од Министерството за туризам ја има изработено бесплатната мобилна апликација „Safe Water Sports“.

Елиса Карабетиан-Никотиан вели дека конкретната апликација е бесплатна и корисна и за Грците и за туристите, а „ја промовираат и на атинскиот аеродром, како и сите бродски компании, но и во амбасадите“.

– Имаме изработено мапа за секоја плажа, вклучени се над 4.000 плажи и може да се видат сите карактеристики, односно дали има спасувач – што е многу важно, дали има песок или камчиња, дали има пристап за лица со инвалидитети. Може да се најдат законските и лиценцираните бизниси со морски активности и водени спортови. Може да се прочита регулативата, вели Карабетиан-Никотиан.

Како пример за законските услови за водените спортови ги споменува водените скутери, односно џет ски, кои се особени популарни, но за жал и доста често поради прекумерна брзина предизвикуваат несреќи и повреди.

– Луѓето не знаат дека за користење џет ски, треба да имаме дозвола за глисер од крајбрежната служба. Многу бизниси ова го претставуваат погрешно за да извадат екстра пари. Ова е нелегално, посочува Карабетиан-Никотиан за МИА.

Дополнително нагласува дека преку апликацијата може да се поднесе пријава, но и директно да се разговара со крајбрежната служба на Грција.

За најмладите пак, нуди едукативни игри.

А токму едукација на децата, но и родители за безбедност во морето, базените и водните средини е една од главните активности на невладината организација, која паралелно соработува со Министерството за образование со училишта.

Целта е главните информации децата да ги научат уште од многу рана возраст, како што објаснува Карабетиан-Никотиан и посочува дека за таа цел имаат создадено интерактивен простор во Атина, што е прв од ваков тип и бесплатен за учениците, а исто така организираат и бесплатни часови по пливање.

-Нашата цел е до 2030 година децата што го завршуваат основното училиште да ги знаат сите безбедносни правила и теоретски и во вода. Ние сме земја со 13.676 километри крајбрежје и секоја година говориме за давања, за смрт. За жал нашата цел е ова да го сведеме на нула, истакнува Елиса Карабетиан-Никотиан од „Safe Water Sports“ во разговорот за МИА.

Фото: МИА/ „Safe Water Sports“

Tags: Safe Water SportsГрцијаплажи
Next Post
Фото: Скриншот од фб видео од Жарко Стеваноски

МВР го разрешува началник од Демир Хисар поради непрофесионално однесување

НАЈНОВО

Вооружена пресметка на улиците во Тетово, еден мртов и повеќе ранети, меѓу нив и малолетно девојче

August 10, 2025
Фото: Министерство за внатрешни работи

Пожар во укотвен глисер во Охридското Езеро

August 10, 2025
Фото: Скриншот од фб видео од Жарко Стеваноски

МВР го разрешува началник од Демир Хисар поради непрофесионално однесување

August 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР го разрешува началник од Демир Хисар поради непрофесионално однесување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Началникот без наредба за приведување ја малтретирал директорката од Демир Хисар, бараме итна кривична постапка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk