ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски вели „би сакал сите работници да земаат не 500 туку 1.000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС“

August 11, 2025 13:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1.000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет (ЕСС). Упатувам порака до вистинските синдкалци, да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злоупотребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски.

Како што напомена Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Петровец, се додека нема договор меѓу синдикалците и работодавачите, не може да се носи нов закон, особено не сега, во период на предизбори.

Според премиерот, услугите се клучната причина за раст на инфлацијата. Платата просечно расте 11 отсто на ифлација од 4,5 отсто и нето платата е порасната.

-Јас повикувам на дебата. Ова не е тема што се политизира, туку тема што треба да се дискутира во рамки на институциите. Не е ова тема за политички поени, „аха, види го сега овој, овој е дарежлив, а овој не“. Не е ова таква тема, туку се седнува и се разговара. На последната седница на ЕСС видовме различни ставови кај работодавачите и синдикатите, не но не гледам непремостливи разлики. Во конструктивен разговор ќе се изнајде решение кое ние како Влада ќе го почитуваме. Упатувам порака до синдикалците, има таму неколкумина кои се политички активни во опозицијата, но зборувам за вистинските синдикалци – да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злопутребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, напомена Мицкоски.

Тој потсети дека Владата како најголем работодавец постигна договор за раст на платите во образованието, здравството, МВР,  МО,…, буквално во сите институции и повеќе нема таков, како што рече, со плата еднаква на минималната.

-Останатиот дел е дијалог меѓу другите два партнера, работодавачите и синдикатите. Во однос на инфлацијата, ќе повторам дека услугата е главниот „драјвер“ на зголемената инфлација, а таа ќе расте се додека има кој да ја плати. Кога ќе престанат граѓаните да ја плаќаат, тогаш ќе паднат и цените во услужните дејности и тука ние како Влада не можеме да интервенираме, подвлече премиерот.

Tags: минимална платаМицкоски
Next Post

РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

НАЈНОВО

Во Споменикот на слободата во Кочани започнува програмата за млади „Лето во друштво“

August 11, 2025

Поевтинуваат бензините и дизелот

August 11, 2025
Фото: МИА

Мицкоски за цените на храната вели дека Владата била многу внимателна и се пристапувало студиозно

August 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска: ОЈО мора да постапи и началникот на Тошковски да одговара

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk