Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина утрово, на 11 август 2025 година, на 89-годишна возраст, пренесуваат хрватските медиуми.
Во последните недели претходно се борела со воспаление на белите дробови, а по враќањето во домот за стари лица нагло и се влошила состојбата.
Габи Новак почина само еден месец откако почина нејзиниот син, Матија Дедиќ. Хрватската музичка сцена ја опишува Новак како „музичка дива“ и „прва дама на хрватската забавна музика“ која остави неизбришлив траг.