По претходно обезбедени оперативни сознанија, полициски службеници синоќа во 21:15 часот во Кочани го лишија од слобода Н.В., на возраст од 32 години од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ на 7 август пред угостителски објект во Виница, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Имено, Н.В. по претходна вербална расправија, со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство, појаснија оттаму.
Известен бил надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, како што беше истакнато, ќе следува соодветен поднесок.