Првиот светски рекет, Јаник Синер синоќа го победи Французинот Адриан Манарино во четвртото коло од турнирот во Синсинати.
Мечот траеше 1 час и 51 минута и заврши со резултат 2-0, по сетови 6:4 и 7:6 (7:4).
Противникот на Италијанецот ќе биде Феликс Оже-Алиасиме (Канада) кој го совлада Бенџамин Бонци (Франција) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.
Во презакажаниот натпревар од третото коло, Американецот Бен Шелтон го победи Шпанецот Роберто Баутиста Агут — 7:6 (7:3), 6:3. Неговиот следен противник ќе биде Чехот Јиржи Легецка.
Четвртфиналисти во Синсинати станаа и Александер Зверев (Германија), Карлос Алкараз, Андреј Рубљов (Русија), Холгер Руне (Данска) и Теренс Атман (Франција).
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Шпанката Џесика Бусас Манеиро во натпреварот од четвртото коло на турнирот во Синсинати — 6:1, 7:5.
Првиот светски рекет го доби мечот за 1 час и 21 минута.
Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше пет од седум брејк топки. Нејзината противничка имаше два аса, четири двојни грешки и две реализирани брејк топки од седум шанси.
Во четвртфиналето, Сабаленка ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан.
Наградниот фонд на турнирот во Синсинати, САД изнесува 5,2 милиони долари.