ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трамп и Путин денеска на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина

August 15, 2025 08:14
in ДЕНЕС, СВЕТ

Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска ќе се сретнат во Алјаска, најголемата и најоддалечена американска федерална држава, за да разговараат за прекин на војната во Украина.

Средбата е закажана во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон, на околу 10 километри од Енкориџ, за која Си-Ен-Ен наведува дека е единствената во Алјаска што ги исполнува безбедносните барања.

Почетокот на самитот, кој многумина го сметаат за историски, е најавен за 11:30 часот по локално време, односно 21:30 часот по централноевропско време, а како што најави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, тој ќе биде целосно координиран и ќе започне со тет-а-тет разговор, по што ќе следи проширен состанок со учество на делегации.

-Преговорите ќе продолжат за време на работниот појадок. Централна тема е украинската криза, но и економската соработка меѓу Москва и Вашингтон, рече Ушаков, додавајќи дека времетраењето на состанокот не е однапред ограничено и ќе зависи од текот на разговорите.

Тој, исто така, додаде дека секоја делегација ќе има пет члена.

Членови на руската делегација ќе бидат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов, директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев, како и Ушаков, објавија руските медиуми, додавајќи дека по состанокот е планирана заедничка прес-конференција, доколку разговорите го дозволат тоа.

Од друга страна, Белата куќа објави дека Трамп има намера да се фокусира исклучиво на прекинот на војната во Украина, оставајќи ги настрана другите прашања, за кои Москва рече дека би можеле да се дискутираат во друго време.

Трамп, пред два дена, по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, вети „многу тешки последици“ за Путин и Русија доколку не се согласи за прекин на војната.

Во медиумите се појавија и деталите од руската мировна понуда, наводно испратена до американскиот претседателски претставник Стив Виткоф пред брзиот договор за самитот во Алјаска. Во суштина, предлозите вклучуваат предавање на територии во регионот Донбас во источна Украина од страна на Кијив за што ќе возвратно ќе следи согласност за примирје, што украинското раководство категорично го отфрли.

Меѓутоа, на Трамп, се чини, му се допадна идејата за размена на територија за мир, изјавувајќи во понеделникот дека и Украина и Русија ќе мора да отстапат дел од територијата една на друга за да се стави крај на војната и дека „во првите две минути ќе знаат дали е можен напредок“.

-Ќе има размена на територии. Го знам тоа од разговорите со Русија и другите страни, и тоа е во интерес на Украина, рече тој.

Британскиот „Телеграф“ објави дека Трамп би можел да му понуди на Путин пристап до ретки минерали за да го охрабри да ја заврши војната во Украина. Според весникот, на состанокот би можело да се разговара за отворањето на природните ресурси на Алјаска за Москва и укинувањето на дел од американските санкции врз руската авиоиндустрија.

Американскиот секретар за финансии, Скот Бесант, наводно ги истражува економските концесии што САД можат да ѝ ги понудат на Русија за да го забрзаат договорот за прекин на огнот.

Дополнително, понудата би можела да вклучува укинување на забраната за извоз на делови и опрема потребни за одржување на руските авиони, од кои многу се во лоша состојба.

Укинувањето на санкциите против руската авијација би било профитабилно и за американскиот производител Боинг, пренесува британскиот весник.

Британскиот весник „Тајмс“ објави дека Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како модел за завршување на војната во Украина.

Според ова сценарио, Русија би имала воена и економска контрола врз окупираните делови од Украина преку сопствено управно тело, имитирајќи го фактичкото владеење на Израел врз палестинските територии запленети од Јордан во 1967 година, додава весникот.

Како што изјави извор близок до Советот за национална безбедност на САД, идејата била покрената пред неколку недели за време на разговор помеѓу Стив Виткоф, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, и неговите руски соговорници во Москва.

Виткоф, кој исто така беше задолжен од Трамп да посредува во постигнувањето мир на Блискиот Исток, наводно ја поддржува оваа идеја, за која Американците веруваат дека ги заобиколува пречките во украинскиот Устав што забрануваат отстапување на територија без одржување „сеукраински“ референдум.

Европските лидери изразија задоволство од разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп пред неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека во голема мера ги споделуваат целите за состанокот в петок – кои започнуваат со постигнување прекин на огнот во Украина.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон го пренесоа заедничкиот европски став дека одлуките за Украина не можат да се донесат без Украина, нагласувајќи дека таа мора да биде вклучено во секоја конечна одлука. Тие, исто така, ја поддржаа идејата за можен иден трилатерален самит со Трамп и Путин.

Макрон изјави дека Трамп ќе побара прекин на огнот од Кремљ за време на неговата средба со Путин.

„Американската волја е да се добие прекин на огнот на крајот од оваа средба“, рече Макрон, додавајќи: „Сè што се однесува на Украина мора да се дискутира со Украина“. Тој нагласи дека е за тоа претседателот Володомир Зеленски целосно да биде вклучен во преговорите меѓу Русија и САД.

Мерц нагласи дека Европа прави сè за да ја постави агендата за претстојниот состанок меѓу Трамп и Путин во Алјаска и изрази надеж за успех на самитот. – Во Алјаска, безбедносните интереси на Европа и Украина мора да бидат заштитени, изјави тој.

Канцеларот додаде дека САД знаат дека можат да се потпрат на своите европски партнери за постигнување мир, и дека „правилната хронологија“ е прво прекин на огнот, а потоа долгорочен мировен договор. – Правно признавање на руската сопственост врз украинска територија не може да се случи, рече Мерц, нагласувајќи дека мора да постојат силни безбедносни гаранции со почитување на украинскиот суверенитет.

Мерц предупреди дека, доколку нема поместување од страна на Русија кон мир, Европа и САД ќе мора да извршат поголем „притисок“ врз Путин. – Трамп го знае ова и се согласува, рече тој.

Идејата за размена на територии беше отфрлена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека неговиот став за присуството на Украина во Донбас не се променил по состанокот во Берлин.

Шефот на државата го изјави ова за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин, одговарајќи на прашање од дописник на „Укринформ“.

„Мојот став не се променил бидејќи се заснова на Уставот на Украина. Додека Уставот на државата останува непроменет, ставот на гарантот на овој Устав не може да се промени“, рече Зеленски.

Тој истакна дека за време на состанокот биле дискутирани територијални прашања.

„Сакам веднаш да нагласам: какви било прашања поврзани со територијалниот интегритет на нашата држава не можат да се дискутираат без нашата држава, нашиот народ, волјата на државата, волјата на нашиот народ и Уставот на Украина“, додаде тој.

За време на средбата со новинарите на 12 август, претседателот Володимир Зеленски изјави дека украинската армија нема да се повлече од Донбас, во спротивно ќе создаде услови за трета војна и идна офанзива врз Запорижја и Дњепропетровската област, како и градот Харкив.

 

Tags: ПутинТрамп
Next Post

Калас го повика Израел да се откаже од плановите за изградба на населби на Западниот брег

НАЈНОВО

Преговарачите за спогодбата за загадување со пластика во Женева не постигнаа договор

August 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Проукраински протест во Анкориџ пред самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025
Скриншот

Талибанците ја прославуваат четиригодишнината од враќањето на власт во Авганистан

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk