ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието не ги усвои измените на Изборниот законик за регулирање на процентот потписи за учество на независните кандидати на локалните избори

August 16, 2025 18:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори.

Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но со оглед дека санува збор за решение кое се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички заедници беа против, а 11 гласаа „за“.

Во текот на седницата прв за збор се јави Скендер Реџепи од движењето „Попули“, коалиција Европски фронт, кој оцени дека поднесените измени се политички, антиевропски и спротивни на Уставот и постоечките закони.

Пред нас имаме Предлог-закон кој е во интерес на власта, а не и во интерес на граѓаните. Целта му е да ги заштити интересите на владејачките партии. Денеска ќе посведочиме кој има легитимитет, кој има право да го претставува Бадентер. Ние сакаме да ја браниме консензуалната демократија зашто ја имаме силата на Бадентер, истакна Реџепи, обвинувајќи дека Владата е моноетничка.

Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ забележа дека Реџепи зборува за теми кои, како што рече, воопшто немаат врска со предметните измени и дополнувања. Додаде и дека очекува при гласањето да биде злоупотребен Бадентер.

Нашето конкретно законско решение беше соодветно на сите препораки, процент од бројот на запишани избирачи да се соберат како потписи за да не настане какафонија со т.н. пасивно избирачко право. Сакајќи да покажеме дека не само што не се плашиме, туку и поддржуваме активно демократско учество, решивме да прифатиме и еден од амандманите на другите политички партии. Ја симнавме на 0,5 отсто бројката што се бара за потписите за независни листи. Ова што ќе се случи сега, една исклулчително благодарна идеја – Бадентер, ќе видите како ќе се злоупотреби. Ќе се бара, односно се бара нешто што воопшто не е дел од овој Изборниот законик, да се пазариме за ова да помине. Тоа ние нема да го дозволиме. Граѓаните ќе видат кој нема да сака да го прифати овој Изборен законик и ќе ја пратат пораката на локалните избори. Ние бевме подготвени за сите отстапки, само за да се регулира процесот, за локалните избори да поминат најдобро што можат, нагласи Карапејовски.

На ова реплицираше Елми Азири од Алијанса за Албанците, коалиција Европски фронт, кој во измените и дополнувањата на Изборниот законик препозна скриен договор.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски беше дециден дека „ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, „и пречи дури и прагот од 0,5 отсто“.

-Покажавме дека сакаме да се надминат правните недоречености и дека единствено ни е важно да се обезбедат еднакви услови за учество на сите заинтересирани граѓани на претстојните локални избори. Вам целта ви е друга, да се преставите пред вашите гласачи дека некој прави нешто против вас, а суштината е многу едноставна – независните кандидатури за градоначалници и советнички листи да може да учествуваат на локалните избори, но вие го укинувате тоа, потенцира Мицевски.

Тој потсети дека во насока на регулирање на различните правни толкувања и недоречености во постапката за собирање потписи за поднесување кандидатски листи од независни кандидати, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери поднесоа измени на Изборниот законик со кои треба да се уреди врeмено оваа постапка која претходно беше укината од Уставниот суд. Со ова решение, како што објасни, се пополнува правната празнина и се воведуваат јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначалници и советници од страна на група избирачи.

Претпладнево измените беа ставени на дневен ред на собраниската седница за да бидат донесени по скратена постапка. Потоа за нив расправаа матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги проследи на натамошна постапка во Собранието, усвојувајќи го амандманот од Левица – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), наместо првично предложеното решение кое предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи.

 

 

Next Post

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk