ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

October 2, 2025 19:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

Share on FacebookShare on Twitter

Синоќа во е-сандачето бев „бомбардирана“ со текстови што се шират по ФБ и по некои портали во кои се обвинуваат авторките на учебникот за 1. година гимназиско образование за изнесување наводно лажни факти. Не очекував дека утрово синоќешниот бран уште повеќе ќе се засили, па дури и дека ќе добијам молба да кажам како е вистината?, пишува во својата реакција на нејзиниот ФБ профил Елка Јачева Улчар.

Таа вели дека вистината е таа дека навистина не е познат авторот на кирилицата. Нашата најугледна палеославистка проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска, вели Јачева Улчар, од првата генерација студенти на акад. Блаже Конески, во учебникот по Старословенски јазик, од 1977 на стр. 24, во рамките на лекцијата за СТАРОСЛОВЕНСКОТО ПИСМО вели: „Ако се прифати претпоставката, тргнувајќи од нејзината старина, дека глаголицата ја составил Константин-Кирил, останува нерешено прашањето кој ја составил кирилицата. Ков ова, Јачева Улчар додава:

„Во славистичката наука се правеле и сè уште се прават различни претпоставки за нејзиниот автор: дека ја составил Методија, Климент, Црноризец Храбар, цар Симеон и др. Најверојатен е фактот дека таа најнапред се појавила во источна Бугарија, во книжевниот круг во Преслав, престолнината на тогашното бугарско царство, најмногу педесетина години по изнаоѓањето на глаголицата. На тоа особено укажуваат натписите со грчко, односно кирилско писмо („без устроенија“ како што вели Црноризец Храбар), изнајдени во поново време при археолошките ископувања во Преслав во тркалезната црква на Симеон, во кои за специфичните словенски гласови се употребени знаци од глаголицата, а за оние што ги има и во грчкиот гласовен систем, букви од грчкото уставно писмо.“

Според Јачева Улчар, обете азбуки имаат повеќе заеднички црти што се објаснуваат со фактот дека во основата и на едната и на другата лежи грчко писмо: на кирилицата иницијално (унцијално, уставно), а на глаголицата минускулно.

„Најважна е сличноста помеѓу двете азбуки во начинот на пренесувањето на словенските гласови. За глаголицата изворот за тие букви е јасен, а кирилицата ја следи во тој поглед. Ако се споредат тие букви, ќе се види дека сличност постои, макар што се модифицирани.“, вели професорката и додава:

„Ги молам порталите што проширија дезинформации вчера, денес да се коригираат. За нивно добро! Само така ќе бидат сфатени како сериозни, во спротивно – барем јас, никогаш нема да ги отворам и ќе се посомневам во вистинитоста на сЕ што кажале досега. А, кој сака да знае повеќе за азбуките и писмото, најтопло му ја препорачувам книгата „Појава и развој на писмото“ од акад. Петар Хр. Илиевски во издание на Македонската академија на науките и уметностите.“

Tags: авторЈачева-Улчаркирилица
Next Post
Фото илустрација, генерирана со ВИ

Зеленски повика ЕУ земјите да ја следат политиката на Трамп против руската нафта, Сијарто се препозна и возврати

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk