ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Каранфилова-Пановска: Со погрешните политики на власта, иселувањето на младите се засилува

August 17, 2025 14:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на обраќањето пред младите социјалдемократи на традиционалниот младински камп „Трајче Нешковски“ во Охрид остро ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ за погрешните политики и уништувањето на перспективата на младите.

„Партизацијата  на институциите е груба и на секое ниво. Стручни и квалитетни млади кандидати се отфрлаат, местата се полнат со партиски кадри. Младите немаат шанса дома да ја градат својата иднина, ВМРО-ДПМНЕ ја уништува последната надеж кај младите дека можат да се вработат според знаење и квалификации,“ рече таа.

Таа укажа и на алармантните податоци за намалување на бројот на вработени лица за над 17.000 луѓе од 2024 година наваму:

„Ова не се само  алармантни бројки. Тоа е вистината зад илјадници човечки судбини, за нашите млади кои заминуваат, за уништени надежи за иднина во сопствената земја,“ рече заменик-претседателката на СДСМ.

Каранфилова Пановска потсети дека помина повеќе од една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта а ниту едно од ветувањата за младите не се исполнети.

„Младите се заборавени и маргинализирани. Европската перспектива на земјата е целосно блокирана, иднината неизвесна. Погрешните политики на власта допринесуваат иселувањето на младите да се засилува“ нагласи Каранфилова-Пановска.

Заменик претседателката истакна дека СДСМ е партијата која секогаш стои на страната на младите.

„СДСМ верува во вас, во вашата енергија, знаење и идеи. Ние сме тука да ви отвориме врати во партијата, да ве слушаме и да ви овозможиме да бидете двигатели на промените во општеството,“ порача таа.

„Македонија мора да биде земја во која успехот зависи од способноста и знаењето, а не волјата на власта. Заедно ќе се бориме за оваа цел “ потенцираше Каранфилова-Пановска во своето обраќање.

Next Post

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk