ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025 12:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата од наследените осум активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши три во полза на Македонија со што е направена заштеда на Буџетот од 565 милиони евра, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева.

Покрај добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово со што се заштедени 115 милиони евра, а за кој Владата соопшти вчера, Митева посочи дека добиени се и постапките „Саса“ против Македонија  од 445 милиони евра и „Гама“ против Македонија  од над пет милиони евра.

– Кога сме кај лажните обвинувања од СДСМ дека оваа арбитражна постапка била добиена и завршена кога тие беа во Владата  тогаш очекуваме одговор зошто во првата половина од април 2023 година во Виена се водени преговори за можна спогодба со Казандол, помеѓу претставници од Владата и на тужителите, за што потврда е дека оваа Влада има донесено одлука со што ја има одбиено предложената спогодба, рече Митева.

Покрај осумте наследени арбитражни постапки, од кои три се инвестициски, а пет трговски спорови, Митева посочи дека Владата наследила и најава за опомена на тужби за најмалку уште четири. Вкупната потенцијална штета во сите активни постапки изнесува 865 милиони евра плус трошоци во постапките.

Овој податок, потенцира Митева, говори за неодговорниот однос на претходната влада, која со своите постапки ги довеле во ризик Буџетот на државата и меѓународниот углед на државата, што резултирало со осум активни и четири потенцијални меѓународни спорови.

– Сосема легитимно е да го поставиме прашањето зошто токму во периодот на претходната влада биле отворени толку многу меѓународни спорови, дали всушност се создавал терен за вонсудско решавање на споровите и начин за испумпување на пари од буџетот на граѓаните, рече портпаролката на Владата.

Осврнувајќи се на арбитражата за „Казандол“, таа подвлече дека „оваа победа не е само правен успех, туку јасна порака дека државата може да ги брани своите интереси кога настапува организирано, со посветеност и со сериозна работа“.  Во изминатиот период, укажа, координативното тело за арбитражни постапки вложи максимални напори – од внимателна анализа на документите и договорите, до темелна подготовка со правни аргументи – со што обезбедиле силна и одржлива позиција во постапката.

Како што оцени, исходот од добиените спорови е потврда дека со транспарентност, одговорност и заедничка работа можат да се постигнат резултати кои во минатото биле претставувани како невозможни.

– Секој позитивен резултат ја зајакнува довербата во институциите и ја штити државата од непотребни финансиски и репутациски штети. Координативното тело на Владата за водење на арбитражни постапки ќе продолжи да работи професионално, отчетно и транспарентно. Ќе ги информираме граѓаните за секој следен чекор, ќе инсистираме на силна правна аргументација и ќе покажеме дека институциите можат да ја бранат Македонија.  Нашата цел е едноставна – да ја заштитиме државата, парите на граѓаните и угледот на институциите, наведе Митева.

Поврзано: 

Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: арбитражиМитева
Next Post

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

НАЈНОВО

Трамп ја откри предложената линија за повлекување во Газа

October 5, 2025

Никовски и Хајдари најбрзи на пет километри на Виз Ер Скопски маратон

October 5, 2025

Студено наутро, сончево во текот на денот

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk