Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, е прогласен за фудбалер на сезоната 2024/25 во Премиер лигата.
Салах признанието го доби од страна на Здружението на професионални фудбалери во Англија.
Триесет и тригодишниот Египќанец даде 29 гола и беше творец на 18 асистенции во 38 натпревари во Премиер лигата минатата сезона.
Салах ја освои наградата по рекорден трет пат. Претходно ја освои наградата во 2017/18 и 2021/22.
Наградата двапати ја освоија: Марк Хјуз, Алан Ширер, Тиери Анри, Кристијано Роналдо, Гарет Бејл и Кевин де Брујне.