ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025 12:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Скандалот во МВР со милионскиот тендер за организирање возачки испити мириса, смрди на корупција и мора да биде целосно расчистен. Новооснована фирма, зад која стои советник на ВМРО-ДПМНЕ доби милионски бизнис од МВР. Практично сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен беа доверени токму на оваа фирма блиска до власта, со монопол од пет години. На крајно сомнителен начин и со прашање дали воопшто ги исполнува условите, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„СДСМ реагираше за овој скандал, побара реакции од Државната комисија за спречување корупција, од Основото обвнителство и од сите надлежни институции.

Додека се чека реакција од некоја институција, скандалот се потврди и се прошири.

Истото МВР на Тошковски, која процени дека „Супер возач“ ги исполнува условите за работа, деновиве го затвори центарот. Замислете, поради тоа што немал соодветна документација, стручен кадар, немал возила и не водел уредна евиденција.

Сега прашањето е дали МВР на Панче Тошковски доделила лиценца на фирма која од старт не ги исполнувала условите?

Дали милионските тендер е доделен само поради тоа што зад оваа фирма стои советник на ВМРО-ДПМНЕ?

Ова ли е шемата за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски на власта?

Ова се јасни индиции дека постои основано сомнение за однапред наместен тендер, сомнежи за корупција кои мора темелно да се истражат.

По скандалот со набавката на униформи втор пат се случува крупен, сомнителен тендер во МВР за краток период.

Ќе понесе ли Панче Тошковски одговорност? Наместо да се бори со криминал, министерството стана извор на корупција и сомнителни тендери.

СДСМ бара Државната комисија за спречување корупција веднаш да отвори предмет за целиот тендер а Основното јавно обвинителство да покрене истрага и да утврди одговорност.

Македонија не смее да биде плен за организиран партиски грабеж кој на големо се случува“, истакна Кузеска.

 

Next Post

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk