ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

August 25, 2025 17:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ

Малку сум изненаден што македонските медиуми не објавуваат ништо за она што во моментов се случува во близина на Венецуела. Барем јас не сретнав таква вест.

Американските маринци се на само 200 км. од Каракас. Според аналитичари коишто ги слушав цела ноќ, нова војна е многу извесна.

Пред неколку дена администрацијата на Доналд Трамп нареди распоредување на три воени разурнувачи (guided-missile destroyers) во меѓународните води во близина на венецуелската обала. Овие бродови се опремени со систем способен за лансирање ракети „Tomahawk“, аеросонички и анти-поморски одбрани, како и поддршка преку хеликоптери MH-60R Seahawk.

Заедно со нив се распоредени и околу 4.000 маринци и амфибиен оперативен контингент (Iwo Jima Amphibious Ready Group), како и подморница.

Најнова вест е дека и дополнителна воена опрема е веќе на пат кон Венецуела, којашто вклучува транспортери за маринци и опрема, носачи на авиони и маринци од експедиционите единици.

Да ви кажам и тоа дека во Венецуела е во тек пријавување на доброволци во одбрана на државата. Медиумите во државата информираат дека веќе се пријавиле 4,5 милиони граѓани, бројка во којашто никој не верува.

Нешто накусо за состојбите во Венецуела.

Претседателот Мадуро го направи животот на своите граѓани многу беден. Одржува пријателски врски со Кина и Русија, а со помош на медиумската пропаганда „ја убеди“ јавноста дека за сиромаштијата во државата се виновни САД и ЕУ.

За малку појасна слика, да ви кажам дека во 2010 година, економски најмоќна држава од сите земји во Јужна Америка беше Венецуела, со GDP per capita од $12.540 USD.

Континуираниот економски пад започна со доаѓањето на Мадуро на власт. Само една деценија подоцна, Венецуела од прво место во Јужна Америка паѓа на последното место. Во 2024 година, на листата за куповна моќ на граѓаните, Венецуела е закована длабоко на дното, со, на пример, 10 пати помала куповна моќ од државата Гвајана.

Уште нешто што мислам дека во Македонија е малку познато.

Најсилниот нарко-картел во Венецуела, тоа е „Картелот на Сонцата“ (Cartel de los Soles), е во сопственост и под директива токму на Мадуро. Мотив за (пред)воената акција на САД е борба против овој картел, со образложение дека истиот е закана за безбедноста на граѓаните на САД. Патем, се смета дека без тој картел, Мадуро би бил обезглавен.

Финансиската моќ на Мадуро е толку голема, да практично е немерлива.

Вчера на CNN, канал на шпански јазик, слушнав дека пред неколку дена било замрзнато целото богатство на Мадуро во САД. Тоа се околу 700 мил. долари, приватни авиони, многу луксузни куќи на Флорида итн.

Неговото богатство во САД е само еден мал дела од се она што тој го поседува.

Од друга страна, тажни вести во континуитет стигнуваат од Венецуела. Вести за луѓе коишто умираат од изгладнетост. И вести дека семејствата на тие луѓе, телата ги закопуваат во своите дворови, затоа што немаат пари да платат за регуларен погреб.

Во Колумбија, вклучително и во Санта Марта, многу убави млади девојки од Венецуела ги нудат своите тела за мали суми на пари. Улични проститутки ги нудат своите услуги за 5-10 долари, а во една документарна емисија кажуваа дека тоа за нив се големи пари, затоа што парите ги праќаат на своите семејства во Венецуела за тие да можат да купат храна.

Не знам дали знаете што се случуваше пред 2-3 години кога многу бродови од светот пловеа кон Венецуела со храна, како донација за изгладнетите луѓе таму. Мадуро тие бродови ги враќаше назад во Канада, Шведска и многу други држави, со образложение дека тие донации се „трик на САД“.

За крај, да ви кажам уште дека во јули 2024 година имаше избори во Венецуела. На крај од денот, од сите избирачки места се испраќаа резултати во ДИК, во седиштата на политичките партии и до меѓународни набљудувачи. Од сите страни стигнуваа информации дека левицата (опозицијата) победила со над 70% од гласовите, а народот излегол на улици да ја прослави слободата на Венецуела. Арно ама, ДИК веднаш објави соопштение дека ги избројале сите ливчиња и Мадуро победил со 51% од гласовите. Низ државата се организираа масовни протести, но истите беа задушени со многу насилство и приведувања.

САД, Канада, Аргентина, Перу и многу држави во светот официјално ја признаа победата на опозицијата и истакнуваат дека за нив Мадуро е нелегален претседател.


Авторот живее и работи во Канада и Колумбија
Tags: Ацо ЛукароскиВенецуелаМадуро
Next Post

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk