ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите низ градовите ќе прибира предлози за програмите за локалните избори

August 25, 2025 14:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ секогаш го слуша народот. Идеите и предлозите на нашите сограѓани се наша обврска да бидат преточени во проекти во програмите, а потоа и да бидат реализирани од позиција на власт, порача денеска на прес-конференција генералниот секретар на паритјата Ѓорѓија Сајкоски.

„Во пресрет на локалните избори оваа есен, ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во период на пишување на програми за кандидатите за градоначалници ширум Македонија, со таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство.

Овие експерти, ќе имаат за задача да ги преточат потребите на граѓаните во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација.

Со цел добивање на јасна слика за потребите и предизвиците со кои граѓаните се соочуваат, ВМРО-ДПМНЕ отпочнува 7 дневна теренска кампања за собирање за идеи и предлози за проекти, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Од среда, 27 август, до среда 3 септември, ќе ја спроведуваме акцијата – Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!

Од 27 август до 3 септември во временски период од 17 до 21 часот, во сите општини низ државата, на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови дел од акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина! каде граѓаните на посебен формулар за оваа акција ќе можат да напишаат своја идеја која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Во истиот временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата каде членовите на партијата и граѓаните исто така ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект.

Истовремено во истиот период граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи и предлози за проекти по електронски пат, на адресата: vistinskataidejazavashataopshtina@vmro-dpmne.org.mk. Каде ќе бидат разгледани исто како и предлозите и идеите од штандовите и штабовите од тимот експерти кои ќе ги пишуваат програмите.

Очекуваме масовен одзив на граѓаните, се со цел што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив и нивните потреби“, истакна Сајкоски.

Next Post

Флоријан Вирц објасни зошто избрал да се пресели во Ливерпул

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk