ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меџити најави бесплатни униформи и дневни оброци за сите ученици од основно образование

October 13, 2025 15:11
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити денеска најави дел од неговата изборна програма со која се предвидува басплатни униформи и дневни оброци за сите ученици од сите основни училишта во оваа општина.

-Во Чаир нема разлики. Има можности за сите. Ова е нашата филозофија на владеење. Нашата визија за една општина која гарантира еднаквост, достоинство и поддршка за секое семејство.  Затоа, во нашата програма за образование предвидовме јасни мерки за олеснување на товарот на семејствата и за обезбедување еднакви услови за секое дете. Во сите основни училишта на нашата општина, учениците ќе имаат униформи целосно финансирани од буџетот на Општина Чаир. Ниту едно семејство нема да има дополнителен трошок. Со ова целиме кон создавање еднакви можности и зајакнување на чувствата на припадност кај нашите деца. Исто така, Општина Чаир ќе ги покрива дневните оброци за сите ученици кои доаѓаат од семејствата што добиваат социјална помош. Секое дете ќе има достојни услови за учење, исхрана и растење до достоинство, рече Меџити.

Тој најави дека во исто време ќе биде зајакната безбедноста во училиштата со нови физички и технолошки мерки во тесна соработка со образовните институции и родителите.

-Затоа што секој родител треба да биде спокоен дека неговото дете е безбедно во училиштето. Ова е Чаир што го градиме – Чаир на еднаквост, грижа и солидарност. Општина што работи, дели и се грижи за сите. Општина што зборот го претвора во дело и секојдневно покажува дека добрата политика е она што го подобрува животот на граѓаните. Нашите деца се нашата иднина. Ако инвестираме во нив, инвестираме во иднината на Чаир, рече Меџити.

Во однос на вечерашниот дуел во ТВ21 кој бил одбиен од кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција Бујар Османи, Меџити нагласи дека ќе го чека да дојде на дебатата.

-Ќе го почекам. Дебатата не оди во живо, туку се снима. Ќе го завршам интервјуто со празно столче, но ќе застанам таму да го почекам Бујар Османи, рече кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити.

Tags: Меџити
Next Post
Фото: РК Пролет

Почина Илија Темелковски поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk