ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворена изложбата „Мирот започнува со насмевка“ по повод 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

August 26, 2025 12:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО

Избор од фотографии и цитати кои ја доловуваат суштината на мисијата на една од најголемите хуманистки на нашето време – Мајка Тереза – да се биде светлина таму каде што има темнина, се дел од изложбата насловена „Мирот започнува со насмевка“, отворена денеска во нејзината Спомен куќа, по повод 115 години од нејзиното раѓање.

На отворањето на изложбата присуствуваа и министерот за култура и туризам Зоран Љутков и Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов.

– Денес сме собрани не само да оддадеме почит на нејзиниот живот и дело, туку и да се потсетиме на вредностите што таа ги застапуваше и живееше – љубовта, сочувството, простувањето, грижата за најслабите и силата на еден искрен, човечки гест – насмевката. Со оваа изложба сакаме да потсетиме дека добрината не бара богатство, туку волја, дека мирот не започнува со договори, туку со насмевка и со желба да се направи нешто убаво за другиот. Да се потсетиме дека светот станува подобро место секогаш кога ќе избереме да бидеме добри, да бидеме. Да бидеме таа насмевка со која почнува мирот, рече в.д. директорката на Спомен куќата на Мајка Тереза, Соња Кузмановска.

Кустосот Снежана Алексовска истакна дека низ фотографиите ќе се потсетиме на несебичната љубов на Мајка Тереза кон ближните, болните и сиромашните.

– Таа градела мостови на разбирање и соочување со болката преку добрина и бесусловна љубов. Животот и делото на Мајка Тереза претставуваат вечна светлина и траен потсетник на вистинските вредности – човечноста, љубовта и мирот. Мирот започнува во нас самите. Не можеме да постигнеме вистински мир во светот, ако не го негуваме мирот во себеси. Насмевката е многу важна. Ако не умееме да се насмевнеме тогаш тешко ќе го пронајдеме мирот – и во себе, и во светот околу нас. Мирот не се одржува со сила, тој се гради со разбирање, сочувство и љубов. За крај, една мисла од Мајка Тереза „Ако немаме мир тоа е затоа што сме заборавиме да припаѓаме едни на други“, додаде Алексовска.

Утре во 16 часот се отвора 81. Меѓународен фимски фестивал во Венеција со филмот „Мајка“ (Mother), инспириран од животот на Мајка Тереза, на режисерката Теона Стругар Митевска, а продуцент е Лабина Митевска.

На 5 септември во 8 часот во капелата на Спомен куќата на Мајка Тереза ќе има света миса и сестрите ќе донесат реликвија од Мајка Тереза. Секој кој сака ќе има можност да оддаде почит и да се помоли пред реликвијата.

Tags: изложбамајка тереза
Next Post

Народната банка наскоро со мерки за олеснување на условите за кредитирање на оние кои првпат купуваат стан, најави Славески

НАЈНОВО

Коалицијата ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025

Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

August 26, 2025

„Култура Бета“ по вторпат ја отпочнува донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk