Државната комисија за спречување на корупцијата го запре предметот којшто го оформи по сопствена иницијатива во врска со назначување на блиско лице на претседателот на Владата за државен советник во едно од министерствата и за унапредување на неговата сопруга како раководител на сектор во истото Министерство.
Предметот е оформен во мај годинава, а постапката е запрена затоа што е констатирано дека постапката на унапредување на лицето е направена согласно закон, додека наводите за сопругата на претседателот на Владата не се потврдени односно добиена е информација од Министерството дека кај нив не е вработено такво лице.
Како што појасни членот на ДКСК Зоран Богоевски, од прибавената документација констатирано е дека лицето било вработено во Министерството од 2024 година, а од 2010 година е на работно место раководител на одделение. Согласно годишниот план за вработување од 2025 година за кое е добиена согласност од Министерството за јавна администрација предвидено е работно место државен советник за координнација на подрачните единици и ова работно место било предвидено и согласно Правилникот за што е добиена согласност во 2015 година. Добиена е и согласност од Министерството за финансии.
– Постапката за унапредување е спроведена согласно Законот за административни службеници при што лицето е унапредено во државен советник за координација и организација на подрачните единици во Министерството, рече Богоевски.