ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД им икинува визи на палестински функционери непосредно пред Генералното собрание на ОН

August 29, 2025 20:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека „им забранува и им одзема визи на членовите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и на Палестинската управа (ПА)“, помалку од две недели пред почетокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Ова доаѓа откако голем број земји, вклучувајќи ги Франција, Австралија и Канада, ги најавија своите намери да ја признаат палестинската државност на овој значаен собир, пренесува ДПА. Потегот е жестоко оспоруван од Израел и неговиот најважен поддржувач, САД.

– Пред ПЛО и ПА да можат да бидат сметани за партнери за мир, тие мора постојано да го отфрлаат тероризмот – вклучувајќи го и масакрот од 7 октомври – и да стават крај на поттикнувањето тероризам во образованието, како што се бара со американскиот закон и како што вети ПЛО, се вели во изјавата на Стејт департментот со која се оправдуваат визните ограничувања.

Првично не беше јасно дали ова значи дека американските власти исто така би можеле да му го одбијат влезот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, за да присуствува на собирот, кој треба да се одржи во Њујорк од 9 септември.

Стејт департментот првично не одговори на барањето за коментар.

Според изјавата, палестинската мисија при ОН – која има само статус на набљудувач и не е полноправна членка на телото – е ослободена од визните ограничувања.

САД веќе воведоа визни ограничувања против ПЛО и ПА кон крајот на јули, но досега овластените влезни дозволи не беа одземени.

ПА, предводена од 89-годишниот Абас, управува со делови од окупираниот Западен Брег, додека ПЛО служи како официјален претставник на Палестинците на меѓународно ниво.

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, денеска ја поздрави одлуката на САД да им ги укинат визите на палестинските функционери пред седницата на Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец.

Тој му се заблагодари на американскиот државен секретар, Марко Рубио, поради тоа што со овој потег ја повика на одговорност Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и Палестинската управа (ПА) „заради наградувањето на тероризмот, како и поради поттикнувањето на војната против Израел“, пренесе Тајмс оф Израел.

Шефот на израелската дипломатија, исто така, рече дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп „со овој смел чекор уште еднаш застанала на страната на Израел“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: визипалестински функционертиСАД
Next Post

Мурал за „Бушава азбука“: Култната серија добива ново руво во чест на 40-годишнината

НАЈНОВО

Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

October 15, 2025
Скриншот

Албанската опозиција бара разрешување на претседателот Бајрам Бегај

October 15, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk