ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Мурал за „Бушава азбука“: Култната серија добива ново руво во чест на 40-годишнината

August 30, 2025 09:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, на 31 август во 10:30 часот во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој вечен симбол на македонската детска култура. Со овој настан започнува прославата на јубилејот и најавата на нови содржини за најмладите.

„Tоа е повеќе од емисија, тоа е некое културно наследство и тоа може да се обновува и да се појавува повторно и повторно. И, практично, луѓето го паметат таа генерација што као деца гледале, сега пораснаа, сега станаа родители и гледаат некои можности во тоа да ги образуваат или да ги забавуваат своите деца. Јас со Бушава азбука остарев практически, 40 години, тоа е озбилна старост за нешто на телевизија и не е така свежа и не е така модерна како што беше кога се појави.“, вели Слободан Унковски, режисерот на „Бушава азбука“.

Преку прославата, организаторите потсетуваат на важноста од негување, чување и унапредување на мајчиниот јазик, како и создавање квалитетна образовно-забавна програма за новите генерации.

На настанот ќе се одржи и премиера на шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“, кое е анимираното продолжение на „Бушава азбука“.

„Буквождер“ е едно премагнување од еден мост, меѓу тоа што било и тоа што треба да биде, и тоа е практично еден друг аспект на буквите, на употребата на јазикот и така натаму. Се радувам дека се појавува. Меѓутоа, мислам дека правото продложување на „Бушава азбука“ ќе биде кога ќе се направи „Бушав буквар“, вториот дел, што е веќе напишан од Горан Стефановски и од Маријан Алчевски. И очекувам еден ден да се развие една свест дека е тоа неопходно за да си го сочуваме јазикот и да го унапредиме.“, вели режисерот Унковски. Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?v=BG4f7SXFyKs

Што следува на настанот

· Премиера на шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“

· Забавно-образовни активности за деца и музички сет на Диџеј Vishko за возрасни

· Претставување на првите лиценцирани производи под брендот „Бушава азбука“

· Кампањата „Време е за Бушавата азбука“ — со донација граѓаните стануваат сопственици на дел од производите

Време и место

· Недела, 31 август 2025

· 10:30–13:00 часот

· Дебар Маало, Скопје · Мапа: Google Maps

Агенда (кратко)

· 10:30 — Најава на јубилејот и проектите

· 10:45 — Премиера на најавната шпица за „Буквождер“ и презентација на кампањата за донации

· 11:20–13:00 — Креативни активности и подароци за деца · Музички сет на Диџеј Vishko

Настанот го организира Види вака раскажувачко студио, а изработката на муралот е поддржана од Општина Центар. Влезот е бесплатен.

Next Post

Почина Киро Кипроски новинар и публицист од Гостивар

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk