ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

September 1, 2025 15:56
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанските медиуми објавија анализа од германските медиуми, за написот во Цајт магазин, во кој се величи ликот на албанскиот премиер Еди Рама, но не се осврнува на сериозните обвинувања за поткопување на демократијата.

Во Косово, парламентот повторно се наоѓа во криза, односно денеска пратениците повторно не успеаја да изгласаат потпретседател на собранието од српска етничка заедница.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Сури: Германските медиуми ја анализираат статијата на списанието „Цајт магазин“ за Рама: 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата

Објавувањето на интервјуто на премиерот Еди Рама во „Цајт магазин“ предизвика критички реакции, бидејќи германското списание посвети десет страници главно на неговата висина, кошарката и уметноста, третирајќи го повеќе како „егзотична“ фигура отколку како лидер кој е сериозно обвинет за поткопување на демократијата, пишува Сури.

Арбреш: САД планираат да ја зајакнат воената инфраструктура во Албанија и Косово

Соединетите Американски Држави продолжуваат да го зајакнуваат своето воено присуство во Југоисточна Европа, најавувајќи петгодишен договор што опфаќа проекти за изградба и одржување во Албанија, Косово и Бугарија. Оваа инвестиција, предводена од Инженерскиот корпус на американската армија, има за цел да обезбеди напредна инфраструктура за американските трупи и во регионот, одразувајќи ја континуираната посветеност на справување со геостратешките и геополитичките предизвици, објави Арбреш.

КОСОВО

Лајми нет: Парламентот не успеа да избере потпретседател Србин, Баша ја прогласи конститутивната седница за „затворена“

Косовското собрание влезе во нов политички ќорсокак, откако претседателот Димал Баша ја прогласи конститутивната седница во саботата за „затворена“ и покрај фактот дека не беше избран заменик-претседател од српската заедница. Овој потег беше поздравен од движењето Ветевендосје  како чекор кон функционалноста на институциите, но на него се спротивставија други партии и правни експерти, кои предупредуваат дека земјата би можела да се соочи со нова уставна криза, пренесе Лајми.нет

Газета експрес- Лепосавиќ: Уапсен, а потоа ослободен Србин, фатен како дели брошури – осомничен за поттикнување омраза

Пријавено е дека полициската единица за време на патрола наишла на машки српски државјанин кој делел брошури на српски јазик со содржини што подлежат  на кривично дело „Поттикнување омраза и нетрпеливост“. Со одлука на обвинителот, осомничениот по разговорот е пуштен на слобода, а предметот продолжува да се води по редовна постапка, пренесе Газета експрес.

Зери: Од Кувајт до Германија, косовската дијаспора е подготвена да гласа на локалните избори во октомври

Процесот на регистрација на гласачи надвор од Косово за локалните избори во октомври 2025 година беше завршен на 29 август, додека податоците објавени од Централната изборна комисија (ЦИК) покажуваат значителен интерес од дијаспората.

На врвот на листата со најмногу регистрирани гласачи на локалните избори е Германија со 21.500 регистрирани гласачи.

По Германија следат: Швајцарија со 11.024 регистрирани гласачи, Австрија со 2.468, Италија со 2.155 и Франција со 1.730 регистрирани гласачи, објави Зери.

КОЛУМНА

Коха – „Одговор до амбасадорот Небојша Вујовиќ: Србија која е во мир со себе и со своите соседи“

„Не знам какви ќе бидат случувањата во вашата земја, но знам едно, демократијата не е неизбежна. Значи, фактот дека имало и ќе има протести, фактот дека сега над половина од граѓаните го поддржуваат студентското движење не значи дека крајот на оваа криза ќе произведе демократска Србија. Авторитарната гравитација (поврзана со национализмот) е традиционално посилна и за ова не е потребна многу теоретска елаборација, доволно е да се погледне како Србија го започна овој век (во октомври 2000 година) и каде стигна сега.

Прифатете ги најдобрите желби за вас и вашата земја. Се надевам дека Србија конечно ќе се соочи со сегашноста и ќе излезе со мир и демократски консензус за држава што ќе биде наш европски сосед.“, пишува Авторот Ветон Сурои, во колумната „ Одговор до амбасадорот Небојша Вујовиќ: Србија која е во мир со себе и со своите соседи“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

(ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

НАЈНОВО

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk