Најдобриот кошаркар на Словенија Лука Дончиќ ја предводеше својата репрезентација до нова победа на Европското првенство. Тој во дуелот со Исланд постигна 26 поени во триумфот на Словенија со 87:79. Ова за словенечката репрезентација беше втора победа, која им овозможи пласман во осминафиналето. Во првиот дуел од 4.коло од Д групата Израел ја победи Белгија со 92:89. Вечерва играат ко-домаќинот Полска и Франција.
Табела Д група: Израел 3-1 (победи-порази), Полска 3-0, Словенија 2-2, Франција 2-1, Белгија 1-3, Исланд 0-4.
Во групата Ц во Лимасол, ко-домаќинот Кипар претрпе уште еден убедлив пораз. Грузија славеше победа со 93:61. Во првиот дуел од групата БиХ ја совлада Грција со 80:77. Вечерва играат: Шпанија – Италија.
Табела Ц група: Грција 3-1, БиХ 2-2, Грузија 2-2, Шпанија 2-1, Италија 2-1, Кипар 0-4.