Русија очигледно не покажува желба да ја заврши војната во Украина, а ЕУ мора да обезбеди дополнителна воена, економска и дипломатска поддршка на Киев, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, на прес-конференција по првиот состанок на европските еврокомесари по летната пауза.
-Во случај да се постигне прекин на огнот, најдобрата гаранција за безбедноста на Украина ќе бидат силни украински вооружени сили. Затоа ги поддржуваме силите во Киев со обука и опрема, рече Калас.
Во Пекинг го гледаме кинескиот претседател Си Џинпинг покрај лидерите на Русија, Иран, Северна Кореја – ова е директен предизвик за светскиот систем базиран на правила, додаде таа.
Војната во Украина има кинеска поддршка, забележа Калас.
Автократскиот сојуз бара скратен пат до нов светски поредок, резимираше високата претставничка.
„Додека западните лидери се собираат дипломатски, автократскиот сојуз бара брз пат кон нов светски поредок“, рече Калас.
Таа го опиша глетката на лидерите што присуствуваа на воената парада по повод Денот на победата во Втората светска војна во Пекинг како директен предизвик за меѓународниот систем.
„Ова не е само антизападна оптика“, верува Калас.
Калас истакна земјите од „Коалицијата на подготвените“ денеска ќе имаат онлајн средба на која ќе се ободат да обезбедат безбедносни гарнаци и поддршка за Украина.